Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

19.05.2008

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ АПЕЛИРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ПРЕД ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Следејќи ги предизборните активности пред претстојните предвремени парламентарни  избори во Република Македонија,  особено од аспект на важноста на човековите слободи и права, Народниот правобранител, апелира до сите субјекти во општеството за потребата од нивно доследно почитување.

Имено, Народниот правобранител ја потенцира потребата за почитување на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните како едно од фундаменталните човекови права што придонесува за создавање на функционални институции во едно здраво демократско општетство.

Во таа насока, Народниот правобранител апелира сите во рамките на своите надлежности и можности да придонесеме за спроведување на избори во кои доследно ќе се почитуваат човековите права како и  најдобриот интерес на детето.

Народниот правобранител воедно информира дека граѓаните можат во секое време да побараат заштита доколку сметаат дека им се повредуваат правата во текот на предизборниот период како и на денот на изборите кога и седиштето на Институцијата во Скопје и регионалните канцеларии во Тетово, Кичево Битола, Куманово, Струмица и Штип, ќе дежураат со цел да помогнат во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија