Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

18.11.2007

ИЗГОТВЕН ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА ЗАВИСНИЦИ ОД ДРОГА

Заради утврдување на состојбите и условите за рехабилитација и давање помош и заштита на лицата зависници од дрога, согласно Програмата за работа за тековната година Народниот правобранител изготви посебен Извештај за состојбата на овие лица.

Извештајот е изготвен по посетата на неколкуте станови за превенција и третман на зависниците од дрога како што се: ЈЗО Психијатриска болница “Скопје” - Скопје, Центарот за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги и други психоактивни супстанци во Скопје и Граѓанското здружение - Центар за едукација, превенција и рехабилитација од дроги и алкохол “Нарконон” во с. Конопиште.

 Од посетата констатирано е дека постои недостиг од простор и соодветни услови за терапија и сместување на зависниците, несоодветни услови за групна терапија во Психијатриската болница “Скопје”, како и отсуство на посебно одделение за зависници од дрога во оваа болница.

Од овие причини Народниот правобранител препорачува да се подобрат условите за работа и престој во поглед на просторното сместување, опрема и стручен кадар, да се отворат дневни центри низ Скопје со што ќе се намали листата на чекање за терапија на овие лица, како и да се спроведува континуирана едукација на населението и на здравствените работници за современите текови во медицината во областа на превенција од зависности.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија