Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

09.01.2008

ДОСТАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД УПОТРЕБА НА АЛКОХОЛ И ЦИГАРИ

Законските забрани за точење алкохол и продавање цигари на малолетници никој не ги контролира и  се е препуштено на совеста и одговорноста на трговците.

Ова накратко е заклучокот од информацијата  во врска со практичната примена на законските одредби за заштита на децата од  алкохол и цигари што ја изготви Народниот правобранител согласно Програмата за работа.

Со оглед на тоа што согласно законските овластувања Народниот правобранител не е во можност самостојно да го истражи овој проблем побарани се информации од Министерството за економија - Државен пазарен инспекторат и од Министерството за внатрешни работи какви се нивните сознанија за почитувањето на законските одредби според кои е забрането точење алкохол и продажба на цигари на малолетните лица.

Од разговорот со директорот на Државниот пазарен инспекторат добиени се информации дека во врска со продажбата на цигари на малолетници ниту се вршени ниту се вршат некакви контроли затоа што не постојат објективни можности за таа цел.

Според Министерството за внатрешни работи пак, во првите 11 месеци од минатата година биле извршени повеќе контроли во угостителски објекти низ државата од кои во 13 случаи биле покренати прекршочни постапки за служење алкохол на деца, а против 12 сопственици биле поведени прекршочни постапки.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија