Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПОЧНА ПРОЕКТОТ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА СО НИВИТЕ ПРАВАМетални кутии за поголема достапност на Омбудсманот за осудените лица 17.09.2007

ПОЧНА ПРОЕКТОТ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА СО НИВИТЕ ПРАВАМетални кутии за поголема достапност на Омбудсманот за осудените лица

“Народниот правобранител во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија ја почна реализацијата на проектот за запознавање на осудените лица со нивните права, и со надлежностите на Народниот правобранител. За таа цел во текот на месеците септември и октомври преставници на Народниот правобранител и ОБСЕ ке ги посетат сите казнено-поправни установи во Република Македонија во рамките на што осудените лица ке бидат запознати со нивните права согласно позитивните законски прописи на Република Македонија и меѓународните стандарди”.

Ова, меѓу другото го соопшти портпаролот на Народниот правобранител Уранија Пировска на прес-конференцијата на која беа презентирани брошурите кои во рамките на проектот ке им бидат делени на осудените лица. “За доближување на установата Народен правобранител до осудените лица, во затворските установи ке бидат поставени метални кутии каде осудените лица ке може да ги доставуваат преставките. Пристап до овие кутии  ке имаат единствено вработените од канцеларијата на Омбудсанот” соопшти Пировска.

Инаку, според програмата за посета на казнено-поправните установи на  18 ти септември  веке беа посетени затворите во Струмица и Гевгелија, на 27 ке има презентација во КПД од отворен вид во Струга и во затворот во Охрид. На трети октомври треба да следи посета на затворите во Битола и Прилеп, на 10 во Штип, на 17 во Тетово, а на 24 октомври затворот “Скопје”. Следниот ден е планирана посета на Отвореното одделение во Крива Паланка, а на 31 октомври на КПД “Идризово”.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија