Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ШВЕДСКАТА АМБАСАДАПрезентирани проектите за зајакнување на улогата на омбудсманот 26.06.2007

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ШВЕДСКАТА АМБАСАДАПрезентирани проектите за зајакнување на улогата на омбудсманот

Запознавање на граѓаните со улогата и надлежностите на Народниот правобранител, проектот за запознавање на правата на осудените лица како и зајакнување на внатрешната соработка меѓу главната и регионалните канцеларии се само дел од проектите кои Канцеларијата на Народниот правобранител поддржана од Шведската агенција за развој СИДА  и од Мисијата на ОБСЕ ќе ги спроведе до крајот на наредната година, а кои беа презентирани на прес-конференција во канцеларијата на Омбудсманот. За проектите зборуваа Народниот правобранител г.Иџет Мемети, Амбасадорот на Кралството Шведска Улрика Кроненберг Мосберг и Амбасадорот Џорџо Радикати Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, при што беше потпишан Меморандум за соработка меѓу канцеларијата на Народниот правобранител и Мисијата на ОБСЕ.

"Втората фаза  на проектот започна од мај 2007 година и ќе трае до декември 2008 година, а во него ке бидат содржани повеќе проекти: инсталирање на софтвер што ке ја унапреди комуникацијата на главната со подрачните канцеларии, востановување внатрешен систем на соработка, тренинг програми и студиски посети во Полска и Словенија” рече г.Мемети.

Тој зборуваше и за проектот поддржан од ОБСЕ за запознавање на правата на осудените лица кој ке се одвива од септември годинава.

За Амбасадорот Радикати, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија од голема важност е поддршката на Народниот правобранител како институција која ги штити човековите слободи и права.”ОБСЕ се фокусира на градењето на капацитетите на Обудсманот со цел ефективно да може да го спроведе својот мандат” истакна Радикати.

“Во Македонија народниот праобранител има голема улога во создавањето на здраво демократско општество. Тоа е една од причините што Шведската амбасада и Мисијата на ОБСЕ оваа поддршка ја сметам за многу важна” рече Амбасадорката на Шведска Кроненберг Мосберг.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија