Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД РАБОТАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА 2006 ГОДИНАПотребна е поголема соработка со Омбудсманот 07.03.2007

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД РАБОТАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА 2006 ГОДИНАПотребна е поголема соработка со Омбудсманот

Минатата година во канцелариите на Народниот правобранител се постапуваше по  4.282 преставки. Од нив 3.043 се завршени, а 1.039 се во работа. Во 2.442 случаи е констатирано дека нема направено повреда на правата на граѓаните, кај 801 дека има повреда. Граѓаните и минатата година најмногу се жалеа на долготрајноста на судските постапки. Тоа го покажуваат и бројките, па така  најголемиот дел од поднесените преставки односно 793 беа од областа на правосудството. Од пратените интервенции на Народниот правобранител 758 се прифатени, односно на толку граѓани оваа институција им помогна да ги остварат своите права.

Ова меѓудругото го соопшти народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата на која го презентираше

Извештајот од работата во 2006 година.

Омбудсманот исто така констатираше дека и  поселедната извештајна година покажува дека во Република Македонија има нереформирана и недоволно ефикасна јавна администрација неефикасно и бавно судство,  дека полицијата ги пречекорува  овластувањата, како и  дека условите во затворите се нехумани.

“Процесот на денационализација и минатата година не ги даде очекуваните резултати, социјалната заштита беше тешко достапна, а децата недоволно заштитени од секаков вид на насилство. Република Македонија и натаму е држава без законска регулатива за недискриминацијата, а одделни државни органи  се уште не го почитуваат принципот на соодветна и правична застапеност” рече Мемети на средбата со новинарите.

Зборувајќи за работата на институцијата за тековната 2007 година тој потенцираше дека  треба да се работи во насока на повисоко ниво на почитување и заштита на човековите слободи и права, односно дека е потребно одговорно, совесно и стручно работење во согласност со кодексот за добро административно однесување, но и дека е неопходна поголема отвореност на институциите спрема граѓаните.

“Потребна е постојана обука и едукација на службените лица за правата на граѓаните, почитување на интервенциите и безрезервна соработка со Народниот правобранител “истакна Мемети.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија