Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.11.2006

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И Г. ВИКТОР УЛОМ

Помош за отворање на шест нови регионални канцеларии во Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Кичево и Битола целосно опремена библиотека со стручна литература, информатичка поддршка на канцелариите на Народниот правобранител. Ова е само дел од помошта која Мисијата на ОБСЕ во Македонија  му ја додели на Народниот правобранител, а која беше презентирана на прес-конференција на која зборуваа народниот правобранител г. Иџет Мемети и г. Виктор Улом, шеф на одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

“Би сакал посебно да ја истакнам важноста на поддршката што Мисијата на ОБСЕ сите овие години и ја даваше на нашата инситуција, со цел подобрување на соработката со органите и организациите над кои надлежно постапуваме особено со оние органи каде беше забележано отсуство на соработка” рече на средбата со новинарите народниот правобранител г. Иџет Мемети. Истовремено тој потсети на проблемот кој Омбудсманот го има во соработката со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандари во Министерството за внтарешни работи.

“Во изминативе неколку години имавме блиска сорабока со канцеларијата на Народниот правобранител која резултираше со неколку проекти. Посебно би ја истакнал обуката на вработените во канцеларијата на Народниот правобранител  за поголемо запознавање со меѓународните стандарди за заштита на човековите слободи и права, како и посетите на парламентарниот Омбудсман на Шведска. Таа соработка заедно со СИДА- Шведската агенција за меѓународен развој планираме да ја продолжиме и понатаму. За таа цел за наредната 2007 година планираме да направиме уште неколку проекти со поддршка на вработените  во институцијата  на омбудсманот” рече г. Виктор Улом.

Тој нагласи дека особено е важно новата влада и Омбудсманот заеднички да соработуваат, затоа што квалитетната заштита на човековите слободи и права е врв на демократијата.

Народниот правобранител г. Иџет Мемети и г. Виктор Улом, шеф на одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Македонија потпишаа и договор за донации кои Мисијата на ОБСЕ преку разни проекти ги има доделено на канцеларијата на Народниот правобранител.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија