Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.10.2006

РЕАГИРАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПРОБЛЕМИТЕ НА НЕПОДИГАЊЕТО И ДИВОТО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАДОТВо опасност здравјето на граѓаните-надлежните веднаш да преземат мерки

Следејќи ги состојбите и нивото на заштита на животната средина, особено   појавите на нередовно собирање и депонирање на сметот во повеќе градови во Републиката, Народниот правобранител на Република Македонија констатира дека станува збор за сериозен и алармантен проблем. Ова особено се однесува на градовите Куманово и Тетово каде што проблемот деновиве кулминира.

 Во време во кое светот посветува  особено внимание  токму на  заштитата на животната средина крајно недозволиво и нехумано е  на граѓаните на Република Македонија да им се повредува елементарното уставно и законско право на живот во здрава животна средина.

Зачудува фактот што проблемот долго време се толерира од надлежните институции. Поигрувањето со здравјето на граѓаните, но и  со природата  не е во ничиј интерес, а особено не е во интерес на јакнењето на Република Македонија како држава која се декларира како земја што е подготвена да ги прифати предизвиците на современа Европа каде една од главните  заложби е токму здравата и чиста животна средина.

 Токму затоа и имајќи ја предвид основната определба на Уставот каде децидно стои дека секој има право да живее во здрава  животна средина, а дека Републиката обезбедува услови за остварување на ова право,  како и одредбите од Законот за заштита на  животната средина и меѓународните акти кои се однесуваат на оваа област Народниот правобранител енергично бара од надлежните институции  веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за остварување на ова право.

Истовремено Народниот правобранител  укажува на потребата   дека единиците на локалната самоуправа во согласност со законот се должни  трајно да го решат проблемот со  депонирање на сметот.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија