Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

25.09.2006

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ОДБРАНА НА ПРАВОТО НА ДЕТЕТО"Кумановското обвинителство ја прифати кривичната пријава во случајот Малтретиран ученик од кумановското училиште “Толи Зордумис”"

Основното јавно обвинителство од Куманово ја прифати кривичната пријава која Народниот правобранител ја поденесе  во врска со случајот на малтретирање на ученик од страна на наставник во кумановското Основно училиште “Толи Зордумис”. Во Обвинителството во тек е истрага за целиот случај.
Народниот правобранител реагираше по претставка добиена од  Првата детска амбасада “Меѓаши”,  во врска со насатан кој се случил кон крајот на минатата година во кумановското Основно училиште “Толи Зордумис”. Хронологијата на настанот вели дека на 20.12.2005 година за време на часот по физичко образование со намера привремено да излезе од часот еден ученик се упатил кон излената врата. Наставникот му се обратил со повисок тон  на ученикот наредувајќи да се врати, но со оглед на тоа што ученикот не се вратил, наставникот се обидел да го спречи замавнувајќи со топка, но не го погодил. Потоа со цел да го врати  ученикот наставникот почнал да го малтретира, и да му удира шлаканци и клоци во присуство на другите ученици. Инаку, Народниот правобранител при постапувањето по наведениот случај дојде до сознанија дека истиот наставник наводно и друг пат вршел физичко малтретирање на ученици.
По проверка на случајот Народниот правобранител констатира дека со оглед на тежината на стореното дело директорот на училиштето не го казнил соодветно наставникот, бидејќи наставникот бил казнет со намалување 10 проценти од месечната плата во период од шест месеци, бидејќи училиштето не постапило по  упатената препорака  Народниот правобранител поднесе кривична пријава до Основното обвинителство во Куманово поради сомневање дека е сторено кривично дело Малтретирање во вршење на служба.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 13
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија