Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

05.09.2006

Реакција на народниот правобранител за проблемите со набавка на учебниците кои ги имаат семејствата со ниски примања

По написите во печатот во врска со проблемите за набавка на учебници со кои се соочуваат семејствата со ниски  примања, како и  за несоодвентите услови за следење  настава во одделни учлишта Народниот правобранител укажува дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на детето што значи има обврска да обезбеди задолжително и бесплатно основно образование  на секое дете.

Токму затоа, државата е должна да обезбеди вклучување на сите деца во образовниот процес и не смее да дозволи децата да не посетуваат основно образование поради неможност да си обезбедат учебници, или поради неоспособеност на училиштата за изведување настава.

Исто така, Народниот правобранител констатира дека родителите се изложени на енормни материјални издатоци за набавка на учебници и други помагала, како и издатоци за одржување на училиштата.

Со цел да се обезбеди остварување на правото на основно образование Народниот правобранител апелира до сите надлежни државни органи да преземат мерки за вклучување на секое дете во основното образование и да не се дозволи материјалната состојба на семејството или несоодветните услови во училиштата да бидат причина за непосетување на основното образование. За сето ова Народниот правобранител достави и писмена информација до Владата на Република Македонија и до Министерството за образование и наука со предлог во идинина да се предвиди законска обврска на децата кои живеат во семејства со ниски  примања да им обезбедуваат бесплатни учебници и други училишни помагала, за цел да им се овозможи следење на наставата во основното образование.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија