Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

05.09.2006

Подготвен посебниот извештај за состојбите во казнено-поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија

“Состојбите во затворите загрижувачки - затворските услови некаде нехумани”

Дали и како се спроведуваат одредбите од Законот за извршување на санкции? Во какви услови живеат затворениците? Како се хранат? Дали се работно ангажирани? Ова се само дел од прашањата на кои се обидоа да добијат одговор преставниците на Народниот правобранител кои во мај и јуни годинава следејќи ја Програмата за работа на народниот правобранител ги посетија  казнено-поправните и воспитно-поправните установи во државата. Општата слика, дадена во посебниот извештај подготвен по посетата на овие установи, дава впечаток дека се уште не е направено доволно во поглед на подобрување на условите за престој на затворениците. Речиси во сите установи со исклучок на Затворот во Штип и во Отвореното одделение во Прилеп на Затворот Битола, исхраната е под потребното ниво, а истото може да се констатира и за нивото на хигиената. Недостаток има и од објекти за обука и рекреација на осудените лица, кои, пак, во одредени установи не добиваат ни соодветен лекарски третман. Посетата на казнено - поправните и воспитно- поправните установи покажа дека се уште недостига обучен персонал во овие установи. Во извештајот е истакнат проблемот со функционирањето на Воспитно-поправниот дом Тетово кој се уште се наоѓа во кругот на Затворот Скопје што несоодветствува со пропишаните меѓународни норми и стандарди за третман на малолетните лица.

Токму затоа во посебниот извештај се предложени и низа мерки за отстранување на констатираните слабости. Така, предложено е спроведување на реорганизација на мрежата на казнено-поправните установи, кадровско доекипирање на службите, зголемување на нивото на хигиената, подобрување на исхраната и лекарската заштита, како и итна дислокација на Воспитно - поправниот дом Тетово од кругот на Затворот Скопје.

ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО КАЗНЕНО - ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО - ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија