Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН  ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2014 ГОДИНА 25.06.2015

25.06.2015, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2014 ГОДИНА

Народниот правобранител г.Иџет Мемети на прес конференција го презентира Годишниот извештај за работата на  Нардниот правобранител  Националниот превентивен механизам  за 2014 година, во кој се содржани состојбите во местата за лишување од слобода-полициските станици,  Казнено- поправите и Воспитно- поправните установи и Психијатриските болници.

„Во 2014 година спроведовме вкупно 29 посети од кои 14 редовни, 12 последователни или контролни, како и три вонредни. Од посетите на полициските станици утврдивме дека и понатаму во најголем дел не се исполнети стандрадите на местата за задржување. Од 38 полициски станици 10 ги исполнуваат условите, останатите 28 препорачувам да се затворат или да се користат само за краток престој“ рече г.Мемети.
Зборувајќи за состојбите во Казнено-поправните и Воспитно поправите домови тој рече дека условите наместо да се подобруваат се влошуваат, и дека тоа директно влијае во прекршувањето на правата на затворениците.

„Сакам да е информирам дека и понатаму кај лицата лишени од слобода постои страв да пријавуваат тортура и нехумано постапување. Оваа појава доведува до неказнивост и охрабрување на сторителите на сметка на превенцијата од тортура“ рече народниот правобранител г. Мемети.

Според него во психијатриските болници констатирано е дека покрај направените напори за  подбрување на условите се уште има   оддели кои се под стандардите, а има недостаток на капацитети особено кај „судските одделенија“.

„Не само декларативна заложба во борбата против тортура, туку и суштинско и навремено спроведување на препораките доставени од страна на тимот, како и зајакнување на механизмите за заштита на можните жртви од тортура со цел нивно охрабрување да ги пријавуваат и опстојуваат во напорите за казнување на сторителите“истакна народниот правобранител г. Мемети.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија