Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • 11.03.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРИЕМОТ НА ГРАЃАНИ/СТРАНКИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2014 ГОДИНА 26.03.2015

26.03.2015,Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2014 ГОДИНА

„Загрижувачки се состојбите по однос на бројот на граѓаните кои бараат заштита од народниот правобранител споредбено со бројот на жителите во Република Македонија. Податоците за примените претставки покажуваат дека граѓаните се соочуваат со големи потешкотии во постапките пред јавната администрација, судството, затворите, полицијата, органите и организациите што имаат јавни овластувања итн“.

Ова, меѓу другото, го соопшти народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата на која го  презентираше Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.

Во извештајната година Народниот правобранител постапуваше по вкупно 4.995 претставки, од кои во 2014 година беа примени 4.249 , а останатите 746 беа пренесени од претходната година.Бројот на предметите беше зголемен за околу 400 случаи што укажува на појава дека се повеќе граѓани бараат заштита од Народниот правобранител.

Податоците по области покажуваат дека граѓаните и натаму најмногу претставки поднесуваат за областа правосудство, потоа следат потрошувачките права, финансиите и царината, работните односи, социјалната заштита, затворите и имотно правните односи.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија