Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

18.12.2014

18.12.2014 година, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИГРАНТИТЕ

Почитувани,

Денешниот ден 18 декември кој во светот се одбележува како Меѓународен ден на мигранти, е денот кога ние бранителите на човековите слободи и права посебно ја изразуваме нашата поддршка и солидарност со сите лица кои имаат статус на мигранти. Во време на воени конфликти и економски кризи, на кое сме денес сведоци, кога се зголемува бројот на мигранти, и воедно расте и дискриминацијата врз овие лица, повикуваме на почитување, толеранција, како и правичност во постапките кои се водат за овие лица без разлика на нивниот статус.

Имајќи предвид дека и во Република Македонија зголемен е бројот на илегални мигранти и баратели на азил, Народниот правобранител апелира до сите институции кон овие лица да се постапува хумано,односно да не им се ограничува правото на барање на азил, да им се обезбеди еднаква здравствена, психолошка и правна заштита, како и соодветно сместување и задржување со исполнување на бараните стандарди со посебна грижа кон децата и жените.

Истовремено, Народниот правобранител укажува на препораките на меѓународните тела за заштита на децата кои во интерес на децата бараат престојот да биде во соодветни услови, во кои ќе ја имаат соодветната социјална, медицинска и психолошка помош. Во оваа насока би ја потенцирал заложбата на  Парламентарното собрание на Совет на Европа кое препорача да се спречи задржувањето и лишувањето од слобода на деца илегални мигранти, како и изнаоѓање на алтернативни модели за престој кои ќе бидат во насока на најдобриот интерес на децата. Истовремено  би истакнал дека е потребно и почитување на меѓународните правила кои се однесуваат на жените, посебно на бремените жени, како и на жените кои дојат да не бидат задржувани. Доколку задржувањето сепак не може да се избегне, во тој случај треба да бидат земени предвид нивните специфични потреби.

Само со еднаков третман кон сите без разлика на нивниот статус ќе докажеме дека сме развиено, демократско и хумано општество, подготвено во секоја пригода да ги почитува правата на сите.

                                                           НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија