Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2014

10.12.2014, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

ЧОВЕКОВИ ПРАВА 365 ДЕНА ВО ГОДИНАТА. Ова е мотото под кое годинава се одбележува денешниот Меѓународен ден на човековите права. Фундаменталните постулати на кои се заснова Универзалната декларација за човековите права укажуваат на фактот дека слободите и прaвата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место.  Заедничките вредности треба да ги делиме сите заедно без никакви задршки, ограничувања и препреки. Затоа што на таков начин ќе успееме да бидеме еднакви и рамноправни и подеднакво да ги уживаме  слободите и правата.

Денес, на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, мотото не потсетува дека секој ден треба да се заложуваме за нивна практична реализација, согласно највисоките стандарди за човековите права.

Незадоволните граѓани кои секојдневно ја посетуваат институцијата Народен правобранител, маргинализираните и ранливите групи, граѓаните кои секојдневно се соочуваат со прашањето на егзистенција, човековите права ги гледаат како нешто апстрактно и далеку од нивниот секојдневен живот.
Денешниот ден нека биде повод да помислиме за сите граѓани на кои им е  ускратено правото на слободен живот, на децата и нивното право на топол дом, на жените, старите лица, на лицата на кои им е неопходна помош и поддршка и на оние кои немаат храна или пристап до питка вода. Вестите за војните кои се водат, за бранот бегалци, за лица кои по цена на спасување на сопствениот живот ги напуштаат своите домови и талкаат низ светот, потврдуваат дека не секаде и не сите луѓе ги уживаат човековите права.

Ова подеднакво не загрижува и нас бранителите на човековите слободи и права кои овој ден треба да бидеме меѓу најгласните во поддршката на мотото ЧОВЕКОВИ ПРАВА 365 ДЕНА ВО ГОДИНАТА.  
Годинава, овој 10 декември се слави и како јубилеј 30 години од донесувањето на Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување.Тоа е уште еден повод за упатување на апел кон сите државни органи и сите други чинители во општеството, докрај да ги спроведат и да ги почитуваат одредбите од оваа Конвенција, од едноставна причина што секој, па и лицата кои се лишени од слобода заслужуваат хуман третман и почитување на нивното достоинство. Хуманоста е човечка доблест. Треба да ја покажеме и несебично да се заложиме за еднакви права и пристап на сите граѓани, без дискриминација.


                                                                                                                   НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија