Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • 11.03.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРИЕМОТ НА ГРАЃАНИ/СТРАНКИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2014

26.06.2014, Скопје

ПОРАКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА - 26 ЈУНИ

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура е ден кој се посветува на лицата врз кои е спроведена тортура и ден кога ја искажуваме нашата заложба за ефикасно истражување на сите облици на овој вид на повреда на човековите права. Воедно на овој ден потсетуваме дека борбата против тортурата треба да се одвива секојдневно, бидејќи истата е апсолутно забранета и недозволива без разлика која е целтта заради која била сторена.

Оваа година е посветена на охрабрувањето на жртвите да не молчат и да зборуваат гласно за тортурата која им е нанесена. Оние кои се чинители на тортурата ја сакаат тишината. Се додека вистината се замолчува постојат ризици тортурата да се повторува во местата на лишување од слобода.

Нашата улога која ја имаме како превентивен механизам во борбата со тортура е да ги сослушаме, но и да ги охрабриме жртвите да пријавуваат тортура. Тортурата не значи само индивидуална одговорност на сторителите преку ефикасно казнување, туку и одговорност на општеството за ефективна и континуирана поддршка на жртвите од тортура, како и преземање на мерки со цел намалување на оваа појава во иднина. Охрабрувањето јавно да се пријават случаите на тортура е значајно, бидејќи со овој чин не само што се нанесува физичка и психичка болка, туку се повредува и човечкото достоинство, како и личниот интегритет на лицата врз кои се применува.

Но за да се охрабрат жртвите од тортура отворено и гласно да зборуваат за оваа комплексна повреда на правата потребна е и гаранција која треба да ја обезбеди државата, и тоа преку  законска рамка со која се забранува тортурата, но и ефикасни органи кои ќе ги преземат сите мерки во откривање и казнување на сторителите на тортура.

Воедно поддршката на жртвите од тортура не значи само казнување на сторителите, туку и континуирана помош и рехабилитација на лицата врз кои била извршена тортура, како и постојан мониторинг на местата каде лицата се лишуваат од слобода, во насока на утврдување на можните ризици за тортура или друг вид на сурово, нехумано или сурово постапување.


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија