Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2013 ГОДИНА 25.06.2014

25.06.2014, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2013 ГОДИНА

„Во 2013 година спроведени се 32 превентивни посети- 16 редовни и 16 последователни-контролни. Сите посети беа ненајавени во местата на лишување од слобода и за сите се доставени посебни извештаи со препораки и укажувања. При посетите покрај тимот на национанлиот превентивен механизам беа вклучени и седум професионални здруженија на граѓани со ангажирање на 12 надворешни експерти од областа на психијтријата, форензиката, психологијата, криминологијата и дефектологијата.“

Ова меѓу другото го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети презентирајќи го  Годишниот извештај на Народниот правобранител Национален преветивен механизам за 2013 година.

Извештајот претставува пресек на утврдените состојби во местата за задржување, полициските станици, Казнено-поправните и Воспитно-поравните домови како и во Псхијатриските болници констатирани при направените ненејавени редовни и последователни посети на НПМ-тимот.

Зборувајќи за соработката со надлежните органи народниот правобранител г. Мемети кажа дека дел од установите, органите и министерствата доцнеле со доставување на одговори по посебните извештаи во делот на дадените препораки и укажувања, а Министерството за здравство воопшто не одговарало на дадените препораки и укажувања и со тоа директно ја попречило работата на Националниот преветивен механизам.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 8
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија