Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

09.06.2014

09.06.2014, Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

Народниот правобранител  на Република Македонија од канцеларијата на Медијаторот на Квебек ,Канада, доби писмо во врска со се позачестените огласи  преку Интернет, со кои посредници нудат полесен начин на добивање на канадска виза.

Со цел заштита на граѓаните на Република Македонија кои сакаат да аплицираат за иселеничка виза за Квебек и Канада, Народниот правобранител ги инфоромира  за препораката на Mедијаторот на Квебек  многу внимателно да  ги земат предвид сите огласи-понуди за посредување при вадењето на виза, заради се позачестената појава на измамување на граѓаните од лица и агенции кои се претставуваат како владини агенти-посредници, кои за одреден надомест, кој се бара да се уплати однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање на иселеничка виза за Квебек и Канада.

Од овие причини, е укажувањето дека за вадење на канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување на аликациите до имиграционите служби на  Квебек и Канада. Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање на надомест на посредниците.
Доколку граѓаните сепак се одлучат да вадат  виза преку посредник,треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција, се овластени да делуваат како такви од страна на Министерството за имиграција, различност и инклузија на Квебек. Сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова министерство на која секогаш во горниот лев агол се наоѓа логото, и е назначено  „официјална страна на Владата на Квебек“. На оваа веб страница има и примероци од бесплатни формулари за  аплицирање, согласно областите на кандидатите, а сите информации кандидатите може сами да ги  пополнат.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија