Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

05.06.2014

05.06.2014, Скопје

АПЕЛ ПО ПОВОД 5 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Народниот правобранител на денот кој се одбележува како  Светски ден на животната средина, сака да потсети  дека секој граѓанин треба да го ужива уставно загарантираното право за живот во здрава животна средина. Тоа значи дека државата мора да ги исполни сите стaндарди кои се пропишани како со домашната легислатива, така и со меѓународните конвенции во поглед на ова прашање.

Оваа година  денот на животната средина е посветен на јакнење на свеста за влијанието на климатските промени, а со самото тоа и градење на контролни механизми кои ефективно ќе преземаат мерки за загадувачите на животната средина кои  што директно влијаат за зголемување на климатските промени. Односот кон животната средина, односот кон природата, како и свесноста за климатските промени го покажува и односот кон самите себе си.

Овој ден е повод Народниот правобранител уште еднаш да потенцира дека во Република Македонија многу малку се посветува внимание на ова мошне важно прашање од причина што станува збор за илјадници човечки животи. Оттука, зачудува игнорантскиот однос на надлежните институции кон загадувањето, како и неспроведувањето на законските прописи  со што се дозволува граѓаните да дишат енормно загаден воздух, почвата да биде загадена до степен на неможност за нејзино користење.

Неспроведувањето на стандардите за заштита на животната средина оди на сметка на сите  граѓани  кои што живеат во Република Македонија. Сите дишеме ист воздух, па затоа ги повикувам институциите поенергично да реагираат кога станува збор за заштитата на животната средина.

Народниот правобранител во целост го доддржува  овогодинешното мото на  Светскиот ден на животната средина кое гласи „Кревајте го гласот, а не нивото на морето“.

Затоа ги охрабрува граѓаните секогаш кога сметаат дека недејствувањето на институциите придонесува за загадувањето на средината во која живеат, да се обратат до Народен правобранител како би можеле заеднички да дејствуваме во правец на  доследно спроведување на законските норми, но и казнување на загадувачите.  


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија