Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

05.06.2014

04.06.2014, Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

Народниот Правобранител, како орган кој ги штити правата на децата, посебно внимание  посветува на заштитата на децата од секаков вид на насилство (физичко, психичко, емоционално и сексуално) и по овој повод апелира до сите органи, институции и домови за заштита и грижа кон децата, при постапувања и одлучувања секогаш да го имаат предвид детето и неговиот најдобар интерес.

За жал, се уште сме сведоци на насилство кон детето во семејство, во училишта, но и во институциите за згрижување, додека пак децата, поради нивната возраст и недоволното познавање на нивните права, не можат да ги идентификуваат повредите и згора на се, многу малку знаат како да се заштитат од насилство.
Потребно е да се спречи ваквата состојба преку едукација и информирање на децата за нивните права, со начините како да се заштитат, но истовремено потребно е да се едуцираат и возрасните и да се работи и со семејствата, со цел издигнување на нивната свест за значењето на овие права и почитување на децата како субјект со индивидуални права и обврски.

На овој ден да се потсетиме дека нашите деца се сегашноста и нашата иднина, дека правилната едукација на децата претставува гаранција дека детето ќе израсне во една здрава и корисна индивидуа,  која  ќе придонесе не само за семејството, туку и за општеството во целост.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија