Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.09.2021

Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Драги ученици, родители/старатели, почитувани наставници и стручни лица во училиштата,
Конечно после повеќе од една година  училиштата ширум ги отворија вратите за сите деца, со можност да следат настава со физичко присуство и со полн капацитет, што несомнено е најдобриот начин на стекнување на знаења и вештини и место за социјализација и дружење.

Со оглед на се уште присутната пандемија од корона вирусот, а со цел зачувување на здравјето и спречување на ширењето на Ковид-19 во рамки на училиштата, Народниот правобранител потсетува дека сите треба максимално да се придржуваат до утврдените Протоколи за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците, и во таа насока  потребно е секој од свој аспект да придонесе  за безбедно и непречено одвивање на образовниот процес на децата.

Народниот правобранител го поздравува донесувањето на  Протоколите за постапување на основните и средните училишта  за реализиација на воспитно-образованиот процес со физичко присуство на учениците,  како и Планот за одржување на наставата во овие училишта, особено што надлежното Министерство цврсто стои на ставот дека  е подготвено за имплементирање на било кое од другите два модели за настава, покрај физичкото присуство на учениците во училиштата (учење од далечина и комбинирање на физичко присуство и учење од далечина), доколку за тоа има потреба . Во овој контекст апелира надлежните органи редовно да ја мониторираат епидемиолошката состојба и во случај на влошување на истата, Министерството за образование да овозможи брзо и флексибилно преминување кон други модели на настава заради заштита на здравјето на учениците, наставниот и ненаставниот кадар од училиштата.
Народниот правобранител, исто така препорачува ресорното министерство и надлежните органи да ги преземат сите мерки и дејствија за минимизирање, и по можност целосно отстранување на пречките за непречено учество и следење на наставата на сите ученици, на подеднаква основа, при што сериозно треба да се преземат мерки за унапредување на наставата од далечина, со особен фокус кон процесот на проверка на знаењата на учениците и оценувањето во случај да наставниот процес се остварува со учење од далечина.
Според Народниот правобранител, во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете, и истото треба да биде сеопфатно и квалитетно. Токму поради тоа  Народниот правобранител потсетува дека е потребно да се обезбедат услови за најмаргинализираните и најисклучените деца, децата од социјално ранливи семејства, кои доколку следат настава со физичко пристсво на училиште треба да имаат постојан пристап до заштитна опрема (маски), а доколку следат онлајн настава да имаат пристап до технологија и интернет, што за овие семејства реално претставува голем проблем.

Имајќи предвид дека од оваа учебна година инклузираните ученици со попреченост во општинските основни училишта ќе добијат образовни асистенти кои ќе им бидат доделени од страна на училиштата во кои учат, а во соработка со основните училишта со ресурсен центар, како и можноста образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка на учениците со попреченост, истата да ја даваат во рамки на училиштето, или во домовите на учениците, доколку наставата ја следат од далачина, Народниот правобранител укажува да се забрза процесот на доделување на асистенти, со цел уште од почетокот на учебната година секое дете кое согласно препораката на Стручните тела за функционална проценка има потреба од асистенција, да ја има обезбедено навремено и да ја користи во континуитет.

Според Народниот правобранител, секое дете има право на квалитетно образование со почитување и унапредување на неговото достоинство и оптимален развој. Овој пристап заснован на човековите права на детето го признаваат  и Конвенцијата за правата на детето (КПД) и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП), па следствено, обврска на државата е да гарантира квалитетно образование за сите, и да обезбеди целосна поддршка за развој на потенцијалот на секое дете.

Впрочем, за исполнување, односно почитување на овој пристап може да стане збор само кога сите деца, вклучувајќи ги и најмаргинализираните и најисклучени деца, се вклучени во општиот образовен систем и добиваат сеопфатно и квалитетно образование.

Народниот правобранител на сите ученици, родители и наставници им посакува успешна учебна година, посебно на првачињата кои за првпат ќе го слушнат училишното ѕвонче, апелирајќи до семејствата, наставниците и сите други да помогнат учебната година да проследи во добро здравје, со чувство на безбедност и обезбедена поддршка за справување со новите предизвици, потсетувајќи притоа дека вратите на институцијата Народен правобранител се секогаш отворени во насока кон заштита на нивните права.
Воедно информираме дека при канцеларијата на Народниот правобранител функционира бесплатната телефонска СОС линија за деца и млади, и на бројот 0800 88 500  секој од децата ќе може да пријави каков било проблем, прекршување на некое нивно право, но и да сподели свои размислувања околу прашања поврзани со нивните права.

                                                                                                  НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија