Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

01.07.2021

Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПОРАДИ ИСТЕЧЕНИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ПОДИГНАТ ПАРИ ОД БАНКА

Народниот правобранител по информациите изнесени во јавноста, како и по јавувања од граѓани кои заради неможноста навремено да си ги обноват личните документи, особено личните карти (поради немање соодветен термин за вадење на документите кои во меѓувреме им истекле) се соочуваат со проблеми, па не можат да си  подигнат пари од банка (пензии, плати и други личните примања), и да си ги платат сметките, бара Владата на Република Северна Македонија под итно, заедно со деловните банки да најде времено решение со кое ќе им излезе во пресрет на овие граѓани.

Имено, недозволиво е слабостите во системот за издавање на лични документи во Министерството  за внатрешни работи, за што Народниот правобранител еднаш веќе реагираше,  да се прекршуваат врз грбот на граѓаните и неправдано да им создаваат дополнителни проблеми, посебно што во принцип станува збор за категорија на граѓани кои спаѓаат во групата на постари лица кои не ги користат дигиталните, туку оние традиционалните банкарски услуги, односно пензиите и платите, ги подигнуваат непосредно од шалтерите на банките.
Конкретно овие граѓани, не по нивна вина се ставени во незавидна позиција, од една страна, да останат без основни средства за живот, а од друга страна, заради неможноста да си ги подмират долговите кон јавните претпријатија и другите даватели на услуги (струја, вода телефон) да стравуваат дека истите ќе им бидат ускратени .

Покрај ова, Народниот правобранител, потсетува дека оваа есен претстои одржување на  пописот како и на локалните избори- операции за  чие спроведување на граѓаните им требат важечки лични документи, па апелира надлежните институции да изнајдат начин за надминување на овој проблем.

Народниот правобранител во повеќе наврати има потенцирано дека за доследно почитување на со уставот и законите загарантираните права, потребни се силни институции со голем капаците, а сегашната ситуација со обновата на личните документи, не оди во овој правец.

                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија