Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

23.06.2021

Скопје

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕКИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање  на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и сл.) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните.

Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел пак,  не можеа да ги продолжат поради затворените граници, Народниот правобранител смета дека надлежното Министерство требаше да предвиди ваква ситуација и следствено да го прилагоди работењето.

Менувањето на системот или неговата надградба во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи  е несоодветно и претставува повреда на правата на граѓаните, поради што Народниот правобранител по сопствена иницијтива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во Министерството за внатрешни работи, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните. Истовремено, Народниот правобранител бара Министерството за внатрешни работи во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситиација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите.  


                                                                               
                                                                                НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕ

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија