Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

22.06.2021

Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВИДИТЕЛСТВАТА

Народниот правобранител, и годинава констатира дека продолжува праксата дел од училиштата неосновано и надвор од закон да им наплаѓаат на учениците/родителите/старателите за издавање на свидетелства за завршено образование.

Ова потврдува дека некои училишта не ги земаат предвид сериозно реакциите на Народниот правобранител, кој и минатата година јавно укажа дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот, и за издавање на истото училиштата не смеат да ги условуваат учениците, односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства.

Народниот правобранител повикувајќи се на уставно загарантираното  право на образование кое согласно законската регулатива е задолжително и бесплатно, укажува надлежните органи - Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат веднаш  да ги предупредат училиштата дека не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ, и да ги санкционираат сите субјекти кои. ќе го сторат тоа, односно ќе го прекршат законот.

Според Народниот правобраните, недозволиво е училиштата да го користат  моментот кога децата/учениците и родителите/старателите имаат краток временски рок за обезбедување на потребните документи за упис и да ги примораат да платат за добивање на документ кој според сите прописи е бесплатен.

Народниот правобранител, укажува Државниот просветен инспекторат да им наложи на училиштата веднаш да ги вратат незаконски наплатените средства за издавање на свидетелство и ги охрабрува сите на кои нема да им бидат вратени средствата да се обратат на бесплатната телефонска линија за деца кај Народниот правобранител 0800 88 500, за заштита на своите права.

                                                                                    НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија