Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.06.2021

Скопје

ОБЈАВЕН ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА СОСТОЈБАТА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НЕЕВИДЕНТИРАНИ ЛИЦА

„Народниот правобранител, согледувајќи ги одговорите добиени од Управата за водење на матичните книги и Граѓанските организации/Здруженија кои се занимаваат со проблематиката, при тоа тргнувајќи од определеното во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (Службен весник на Република Северна Македонија број 42//2020) и Уредбата со законска сила за измени и дополнување за примена на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени во време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија број140/2020), утврди дека важноста на Законот е до 30.06.2021 година, а во пракса 70 % од идентификуваните неевидентирани лица сѐ уште не поднеле барање за упис. Со оглед на ваквата состојба, препорачува да се разгледа можноста за една година да се продолжи рокот за поднесување на барање за упис, утврден во член 7 став 1 од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, и во таа насока овие лица да имаат можност да поднесат барање со потребната документација до надлежниот орган најдоцна до јуни 2022 година“.

Ова, меѓу другото, го рече заменик - народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на прес-конференцијата на која ги презентираше наодите на Посебниот извештај од спроведеното истражување за согледување на состојбата со неевидентираните деца во матичната книга на родените по примената на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, спроведено од Одделението за деца и лица со пореченост од канцеларијата на Народниот правобранител.

Бајрамовска-Мустафа, информираше дека, податоците потврдуваат дека заклучно со април 2021 година, вкупниот број на неевидентирани лица внесени во Евиденција е 659 лица, од кои 60% (или 397) се деца, на возраст под 18 години. Дополнително загрижува податокот дека Граѓанските орагнизации известуваат за случаи на деца кои се родени по завршување на јавниот повик, додека Управата за водење на матични книги нема информацијата за деца кои се родени по завршувањето на јавниот повик, а кои не исполнуваат услови за запишување во матична книга на родените согласно закон (со оглед дека и оваа категорија е опфатена во Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени).

„Со оглед на изнесените податоци, потребно е да се преземат мерки и активности за целосно информирање на неевидентираните лица, со јасни и конкретни насоки за потребната документација за упис во посебната матична книга на родени, како и да се изнајдат начини за континуирано информирање на граѓаните за обврската за упис во матичните книги, како и последиците или ограничувањата за остварување на основните права на детето доколку не биде регистрирано неговото раѓање“, истакна заменик - народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија