Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

28.04.2021

Скопје

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА 2020 ГОДИНА

„Сите сме свесни дека минатата година живеевме под едни други околности и дека пандемијата со КОВИД - 19 влијаеше во сите сфери на општеството. На вирусот не беа имуни ниту човековите слободи и права, особено во услови на рестрикции, кои беа воведени не само кај нас туку речиси во целиот свет, а чие воведување како главна цел беше заштита на здравјето на граѓаните. Дека состојбата беше многу поинаква, потврдуваат и статистичките податоци, па така, во 2020 година Народниот правобранител постапуваше по 2.931, од кои 2.448 беа примени во тековната година, а 483 пренесени од претходната година. Овој, релативно мал број на претставки не значи дека немаше прекршување на правата на граѓаните. Би рекол дека стравот од вирусот и грижата за здравјето кај многу граѓани влијаеше, па се воздржуваа да дојдат лично во канцеларијата на Народниот правобранител“.

Ова, меѓу другото, го рече во своето излагање народниот правобранител, г.Насер Зибери на прес-конференцијата на која го презентираше Годишниот извештај за обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2020 година
.
Според народниот правобранител, вонредните околности налагаа и прилагодување на начинот на работа на сите институции, а тие на некој начин го сменија и фокусот на работата на Народниот правобранител, кој покрај поплаките на граѓаните беше насочен и кон уредбите донесени од страна на Владата, а кои влијаеа врз слободите и правата на граѓаните.

„Променетиот начин на наставата за учениците, или воведувањето на онлајн учење - учење од далечина, создаде проблеми за голем број на деца кои поради технички причини ( немањето интернет, компјутер, таблет) беа спречени, или со потешкотии го следа наставниот процес. За овој проблем Институцијата алармираше и укажа дека надлежните институции мора да ги преземат сите мерки за ниту едно дете да не остане надвор од образовниот процес во учебната 2020/2021 година. Пандемијата посебно негативно се одрази врз лицата со попреченост - децата кои едноставно не можеа да ја следат наставата, нешто што ќе им се одрази во натамошниот тек на образованието“, истакна народниот правобранител, г. Насер Зибери.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија