Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

08.04.2021

Скопје

0800 88 500 БЕСПЛАТНА СОС ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА, ОТВОРЕНА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Во канцеларијата на Народниот правобранител започна да функционира бесплатната телефонска СОС линија за деца 0800 88 500 на која децата ќе можат да пријават каков било проблем, прекршување на некое нивно право, но и да споделат свои размислувања околу прашања поврзани со нивните права.

„Бесплатната телефонска линија за деца кај Народниот правобранител ќе биде дополнителна поддршка за сите деца. Ги охрабрувам и повикувам  истата да ја користат секогаш кога ќе сакаат да разговараат, и тогаш кога бараат одговори за прашања и проблеми во врска со теми кои ги интересираат, па и во случаи да споделат нешто што ги мачи, што ги прави да се чувствуваат тажно, вознемирено, или пак, ги попречува во остварување на нивните права“, истакна, меѓу другото заменик-народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на прес-конференцијата (организирана преку ЗУМ) на која беше промовирана СОС линијата за деца

На промоцијата, по повод отворањето на оваа СОС линија зборуваа и г.Никола Љушев, Главен извршен директор на „Македонски Телеком“, кои се донатори на оваа линија, и кои целосно го поддржаа овој проект земајќи го предвид значењето и потребата од СОС бесплатна линија за деца, како и г.Гент Тоска од невладината организација „Мој живот“, кои со своите активности помогнаа во организирање на петиција за потребата од отворање на СОС линија за деца.

Народниот правобранител известува дека стручни лица од Одделот за заштита на правата на децата и лица со попреченост ќе бидат достапни за разговор со секое дете, секој работен ден од 8-16 часот, а по овој временски период, како и за време на викендите,  сите јавувања на бесплатниот телефонски број ќе се снимаат, и  децата дополнително ќе бидат контактирани од стручни лица од Институцијата со кои ќе можат отворено и без страв да разговараат и да го изнесат својот проблем, размислување или потреба од совет.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 8
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија