Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

02.04.2021

Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 2 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА АУТИЗМОТ

Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат дел од основните начела и принципи гарантирани со Уставот и законите на Република Северна Македонија, а нивното почитување подразбира обезбедување не само на формални, туку и на материјални предуслови за непречено остварување на овие права на граѓаните, без оглед на различноста по каков било основ.
Оваа година се навршуваат 15 години од донесувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, а 10 години откако истата е ратификувана од Република Северна Македонија. Меѓутоа, во многу области присутни се слабости во остварување на правата на овие лица.
Денес, на 2 април,  на Светскиот ден за подигање на јавната свест за аутизмот, кој се одбележува во вонредни услови, кога сите вложуваат напори за справување со последиците од пандемијата, и кога се бара да се почитуваат општите мерки за заштита од коронавирусот, Народниот правобранител апелира во континуитет да се преземат мерки и активности за зголемување на разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, и да се обезбеди поддршка за создавање на што поинклузивно место за овие наши граѓани.
Според Народниот правобранител, не смееме да заборавиме на овие лица, ниту на преземените обврски за реализирање на правото на независно живеење и автономија, обезбедување услови за остварување на правото на здравствена и социјална заштита, образование, како и вработување на еднаква основа со другите.
Народниот правобранител потсетува на 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации кои даваат план за решавање на најголемите предизвици со кои се соочува светот, вклучително и стратегии за намалување на нееднаквостите што го попречуваат просперитетот. Една од овие цели (целта 8) се однесува на Пристојна работа и економски раст односно промовирање целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите, вклучително и за лицата со попреченост.
Воедно укажува на обврската за создавање услови за практична имплементација на  членот 27 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со кој се признава „правото на лицата со попреченост да работат, на еднаква основа со другите“ и на „работната средина која е отворена, инклузивна и пристапна за лицата со попреченост“.
Според Народниот правобранител, по примерот на светските позитивните пракси и кај нас треба да се применат програми за инклузивно вработување, кои ги вклучуваат и лицата со дијагностициран аутизам, но и да се поддржи  креирање на работни места на пазарот на трудот каде лицата со аутизам ќе може целосно да ги експонираат своите потенцијали на еднаква основа со другите, затоа што вклучувањето на лицата со аутизам и обезбедување нивно целосно учество во соцо-економскиот и културниот живот е обврска на секое општеството, кое прокламира почитување на различноста, инклузивност и правичност на своите граѓани.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија