25.01.2021
Скопје
СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГО ИЗБРА Г. НАСЕР ЗИБЕРИ ЗА НОВ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 25 jануари го избра г.Насер Зибери за нов народен правобраител, кој функцијата народен правобранител започна да ја извршува од 1. февруари 2021 г.
Народниот правобранител, г. Насер Зибери е дипломиран правник со положен правосуден испит и долгoгодишно искуство во правните работи. Во 1990 година на првите повеќепартиски парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието. Довербата на гласачите за пратеник ја добива и на вторите и третите парламентарни избори, 1994 година и 1998 година.
Во периодот од 1996-1998 година ја врши функцијата министер за труд и социјална политика и потпретседател на Владата. Во текот на 2001 година бил член на експертската група која го изготвуваше Охридскиот рамковен договор и промените на Уставот на Република Северна Македонија.
Од 2004 година работи како нотар за службеното подрачје на Основните судови на Скопје.