Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

15.10.2020

Скопје

ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

По повод одбележувањето на 15 Октомври - Меѓународниот ден на Белиот стап - симболот на слепите лица, Народниот правобранител потсетува дека иако овие лица се граѓани на општеството кои треба да имаат непречен пристап до правата како сите други, се уште се на маргините, честопати дискриминирани и стигматизирани. Укажувајќи дека обврска на државата е да овозможи лицата со слепило слободно и безбедно да се движат, образуваат, работат и да имаат исполнет и независен живот, Народниот правобранител апелира за подигање на свеста за правата на овие лица и континуирани заложби на органите за нивно целосно учество и придонес во општеството.

Предизвиците со кои секојдневно се соочуваат овие граѓани не се надминати. Независното живеење, пристапот до просторна околина, транспорт, информации, комуникации и други услуги и капацитети во урбаните и руралните средини се само дел од правата кои слепите и слабовидните лица треба непречно да ги уживаат, а кои реално не им се овозможени. Следствено, имајќи ја предвид важноста од непречен пристап до информации, како и до нови информатички и комуникациски технологии и системи, Народниот правобранител ги потсетува надлежните органи дека треба да им се обезбедат и соодветни облици на помош и поддршка на овие лица, меѓу кои и користење на Брајовото писмо.

Народниот правобранител апелира до Собранието на Република Северна Македонија што поскоро да го ратификува Договорот од Маракеш, со што ќе се обезбеди правна рамка преку која ќе се уреди достапноста до литература и печат во пристапен формат за лицата со оштетен вид (слепите и слабовидните лица), со што ќе се овозможи овие лица да го остварат правото на личен избор при селекција на литературни дела, да напредуваат во образованието на сите нивоа, нивно усовршување и доквалификација, како и остварување на правото на вработување на секое ниво на општеството.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија