Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

11.03.2020

Скопје

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРИЕМОТ НА ГРАЃАНИ/СТРАНКИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

                                                              

Народниот правобранител во врска со настанатата ситуација и потребата од превенција за спречување на ширење на заразата со таканаречениот Корона вирус (Ковид 19), им препорачува на граѓаните во наредните две недели (до 25.03) потребите за личен контакт и разговор со вработени во институцијата Нарoден правобранител заради заштита на уставните и законските права, како и поднесувањето на писмените претставки во канцеларијата во Скопје, но и во шесте подрачни канцеларии- Штип, Кичево, Тетово, Куманово, Струмица и Битола да ги сведат на минимум, односно да ги вршат телефонски, или по пат на електронска пошта.

За контакт со канцеларијата во Скопје може да го користат телефонскиот број 02 3129- 335, за канцеларијата во Струмица 034 329 996, за Кичево 045 228 -586, за Тетово  044 344 -082, за Битола 047 242 310 за Штип 032 389-701 и за Куманово 031 431- 488
.
Контактите преку електронска пошта може да ги остварат на следнава адреса contact @ ombudsman.mk.
Народниот правобранител се надева дека оваа негова препорака ќе биде примена со разбирање од страна на граѓаните, на кои во ниту еден случај нема да им биде ускратено правото на заштита од страна на Институцијата.Тоа значи дека по сите поплаки дадени преку телефон, или електронска пошта ќе биде постапено согласно Законот за народниот правобранител, за што странките соодветно ќе бидат известени.

                                                                                                
                                                                                                       НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија