Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 04.01.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2019

Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани,

„Да се радуваме додека сме млади“
Вака почнува познатата химна на Универзитетите.Универзалноста и значењето на оваа порака ја има истата компонента како и универзалноста  и значењето на овој ден- 10 декември кога во целиот свет се слават човековите слободи и права, годинава во знакот на максимата  „Млади застанете за човековите права“.

Има ли подобро нешто од повикувањето, поттикнувањето на младите без разлика на која раса и припаѓаат, во која религија веруваат,  на која етничка заедница и припаѓаат, да застанат и да се борат за своите права.Борејќи се за своите тие всушност се борат за правата на сите, посебно за оние кои поради разни причини (војни, неписменост) не се во можност за тоа да дејствуваат.

Има ли подобро нешто од повикувањето, поттикнувањето младите да застанат во борбата против климатските промени, булингот, говорот на омраза, расизмот дискриминацијата.

Ова се едни од главните проблеми за кои младите треба да го дигнат својот глас и да кажат што мислат, од причина што  нив најмногу ги засегаат.

Покачувањето на температурата на воздухот, или таканаечениот ефект на „стаклената градина“ директно влијае врз нивната иднина.Тие треба гласно да викнат „Доста е со сите активности кои ни ја загрозуваат иднината, и ни ги правата условите за живот се посурови“.

На нив е да кажат дека не сакаат насилство помеѓу младите како метод на решавање на проблемите, туку дијалог за разбирање.

На нив е да им кажат на возрасните „Доста е со говорот на омраза“ чии последици се насилствата по училиштата и студенските кампови.

На нив е да кажат дека сакаат да живеат во свет во кој бојата на кожата, полот, верувањето нема да им биде важно за да можат заедно да се дружат, учат, забавуваат.

Младите се знак на промените во светот.Така било, така и ќе биде.Тие се двигатели на се што е ново, прогресивно и затоа мора да бидат вклучени во сите општествени текови, во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нив, на нивната иднина.

Затоа млади, јас како народен правобранител ве повикувам „Не молчете! Секогаш кога ќе сметате застанете во одбрана на човековите слободи и права. Направете го тоа силно, гласно,моќно. Нека се слушне вашиот глас/гласот на иднината“.

                                                                                   НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија