Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

12.08.2019

Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО ОПОЖАРУВАЊЕТО НА ДЕПОНИИТЕ

Народниот правобранител упатува апел до Владата, посебно до Министерството за животна средина и просторно планирање во најкус можен рок да ги интензивираат работите со управувањето на отпадот, посебно изградбата на регионалните депонии, и со тоа да се спречи понатамошната опасност од загадување на животната средина.

Имено, последните случувања со опожарувањето на сметот во регионалната депонија Русино крај Гостивар, како и во депонијата Буково крај Охрид укажуваат на тоа колку е значајно решавањето на ова прашање, особено што последиците-загадувањето на воздухот, водата и почвата ќе имаат далекусежни последици не само во тие региони туку и во целата држава. Еко сиситемот во никој случај на смее да се гледа како изолиран, туку напротив тој е интегриран, па оттука загадувањето ќе влијае врз сите.

Народниот правобранител со жалење констатира дека и после три години од неговото истражување за  состојбата со депонирањето на отпадот во Република Северна Македонија констатациите остануваат исти, а ситуацијата на теренот непроменета. Локалните депонии, кои во најголемиот дел не исполнуваат ниту еден еколошки стандард и натаму работат, нема осовременување ниту на двете регионални депонии Дрисла и Русино, а  не  е отпочната изградбата на ниту една од шесте современи  регионални депонии
.
Посебно загрижува фактот што на еколошката карта на Европа, Република Северна Македонија го зазвзема високото прво место по загаденост. Оттука  Владата, која ги презеде ингеренциите од локалната власт во оваа сфера, веќе нема простор за одолговлекување со решавање на ова прашање, затоа што живеењето во здрава животна средина е едно од основните загарантирани уставни права и тоа право на граѓаните никој не смее да им го загрозува.

                                                                           НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија