Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2018 ГОДИНА 26.06.2019

Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2018 ГОДИНА

„Во овој 8-ми по ред Годишен извештај на Националниот превентивен механизам се прикажани состојбите во местата на лишување од слобода и задржување, како и состојбите во постапувањето со бегалците во местата на нивно сместување или задржување, кои тимот на НПМ ги констатира при непосредните посети на Полициски станици, Казнено поправни установи, Прифатните транзитни центри за бегалци, Центарот за странци и Центарот за баратели на азил.Во текот на извештајната година спроведовме вкупно 42 превентивни посети, од кои 11 посети на полициски станици и затвори и 31 посета во местата на сместување и задржување на мигранти и бегалци. Покрај ова, спроведовме и едно истражување за степенот на почитување на правата на странските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, за што беа спроведени 2 наменски посети во оваа установа.“

Ова, меѓу другото, го рече заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа на прес-конференцијата по повод преставувањето на Годишниот извешај на Националниот превентивен механизам(НПМ) за 2018 година.

Според Бајрамовска Мустава загрижува фактот за нецелосна имлментација на препораките на НПМ –от по извршените посети на Полициските станици во насока на подобрување на материјалните услови заради елиминирање на ризиците за нехуман и деградирачки третман спрема задржаните лица и лицата лишени од слобода.

„Констатација е дека состојбите, и натаму, во голема мера остануваат непроменети, што впрочем беше нотирано и при посетите на полициските станици, во извештајниот период, како и одговорите од надлежните органи, од кои неспорно произлегува дека органите начелно ги прифаќаат нашите препораки, но во пракса не ги спроведуваат, особено ако нивната имплементација е поврзана со обезбедување на финансиски средства, што од аспект на мандатот на НПМ е неоправдано,“ истакна заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија