Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

07.06.2019

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Народниот правобранител-Национален превентивен механизам, на 11 и 12 јуни 2019 година по прв пат ќе биде домаќин и претседавач на Мрежата на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа, која оваа година бележи шест години од своето формирање. Одржувањето на овој важен настан е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Овогодинешната средба на националните превентивни механизми на Југоисточна Европа ќе биде посветена на стратегијата за заштита од репресалии (употреба на казниви мерки), како и усогласување на заедничка методологија за постапување поврзана со превенцијата и заштита од репресалии врз лицата кои соработуваат и им даваат информации на националните превентивни механизми.

На овој настан покрај народниот правобранител, г. Иџет Мемети, свои обраќања ќе имаат и Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, членови од Поткомитетот за превенција од тортура на Обединетите Нации (SPT), како и претставници на националните превентивни механизми од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Северна Македонија, Србија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија