Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

02.04.2019

Скопје

АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

„Две третини од граѓаните (66,6%) знаат за постоењето на институцијата Народен правобранител, а солиден број се запознаени со дел од нејзините основни надлежности. За Народниот правобранител најмногу слушнале испитаниците од источниот регион - 85,2%, а најмалку оние од Полошкиот – 43,8%. Повозрасните граѓани се повеќе информирани за Народниот правобранител, додека младите од 18 до 29 години, се најмалку информирани за постоењето на оваа институција.

Голем дел од граѓаните (76,3%) се подготвени да му се обратат на Народниот правобранител доколку им е повредено некое право. Овој висок процент покажува дека граѓаните ја препознаваат оваа институција како заштитник на нивните права наспроти државните и јавните институции“.

Ова се дел од резултатите кои ги покажа Анкетата спроведена во рамките на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“ која НВО Инфоцентарот го спроведе со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски држави чија цел беше да се утврдат перцепциите и ставовите на граѓаните за работата и перформансите на институцијата Народен правобранител.

Податокот што речиси половина од испитаниците не знаат каде и како да му се обратат на Народниот правобранител, укажува на потребата од поголема промоција и видливост за нејзините надлежности .Исто така, анкетата покачува дека граѓаните го перципираат народниот правобранител како професионален и транспарентен во својата работа.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија