Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.11.2018

20.11.2018, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

Да го обоиме овој 20  ти ноември во сино.

Бојата која годинава е заштитен знак на Светскиот ден на детето.Облечете сина маица,ставете син беџ или мал син детаљ. Се нека биде  во знакот на сината со што ќе покажеме дека ги почитуваме децата.
Да покажеме дека  ги почитуваме нивните права: Да одат на училиште и таму да бидат безбедни, Да учат, Да имаат слободно време, Да учествуваат во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нив, Да се чувствуваат како дел од заедницата, семејството, Да научат да разговараат, Да си простуваат, Да сакаат и Да бидат сакани. Со еден збор да им дадеме до знаење колку се тие важни за општеството, за неговиот просперитет/ развој.

Но, и да им покажеме дека секогаш сме тука да им помогнеме и да ги заштитиме, особено денес во ерата на масовното ширење на социјалните медиуми, кои имаат и позитивно, но и негативно влијание врз нив. Да ги научиме како да ја користат оваа нова алтка за комуницирање, но и како да ги спознаат опасностите кои ги демнат.

Народниот правобранител и годинава ја користи оваа пригода  на Светскиот ден на детето да потсети на важноста на процесот на воспитување на децата,од нивното вклучување во сите текови на општеството, од потребата за нивна заштита  од насилството како во училиштата, така и во семејството, затоа што само здрава изградена личност може да создава здраво, демократско толерантно општетство.


                                                                                                                       НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија