Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 17.04.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 29.03.2018

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2018

26.06.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ ЈУНИ

Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година ја усвои Универзалната декларација за човекови права како прв документ којшто ја забранува тортурата.

Сепак и покрај фактот што од нејзиното усвојување до денес изминаа седум децении, сеуште не може да се каже дека тортурата е синоним за минатото. За жал и натаму има општества кои покажуваат толеранција кон оваа негативна општествена појава, а илјадници лица се јавуваат како жртви.

Одбележувањето на 26 јуни како Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура има за цел да не потсети сите нас на обврската за целосно искоренување на тортурата и ефективно имплементирање на Конвенцијата против тортура и другосурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, затоа што никој не заслужува нехуман третман.

На овој ден ги повикуваме сите чинители во општеството, вклучително и меѓународните организации, граѓанското општество, но и сите поединци да се обединат за поддршка на стотици илјади луѓе ширум светот, кои биле жртви на тортура и оние кои се уште подлежат на суров и нехуман третман.

Во оваа прилика Народниот правобранител истакнува и воедно потенцира дека тортурата во ниту еден случај не може да биде оправдана и истовремено потсетува на обврската на властите за преземање мерки за ефикасна истрага и спречување на било какви акти на тортура и другосурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

                                                                                                     
                                                                                                                          НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ       

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 19
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија