Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 17.04.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 29.03.2018

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

28.12.2017

28.12.2017, Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМЕНИТЕ МЕРКИ И КОНСТАТИРАНИТЕ СОСТОЈБИ ОД ПОСТАПУВАЊЕТО ПО ПРЕТСТАВКИТЕ ВО ВРСКА СО ПРИВЕДУВАЊЕТО И ЛИШУВАЊЕТО ОД СЛОБОДА НА ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ

До Народниот правобранител беше доставена претставка од страна на Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во која се истакнува дека грубо се прекршени Уставот и правни процедури кога на 28 ноември вооружени полицајци лишиле од слобода тројца пратеници.
Согласно надлежностите Народен правобранител се обрати до МВР побара објаснувања, информации и докази за постапувањето на полицијата при приведувањето на пратениците, а тим од институцијата изврши посета во Затвор Скопје каде што покрај увид во документацијата разговараше со притворените лица, како и со службени лица.

Постапувајќи по барањето на Народниот правобранител Министерството за внатрешни работи достави Известување во кое известува дека  целокупната постапка за вршење претрес, приведување и спровод на пратениците е извршена согласно Закон за кривична постапка, врз основа на претходно издадени наредби од надлежен судија.

Народниот правобранител по разгледување на одговорот и целокупната документација приложена од Министерството за внатрешни работи, како и од утврденото при посетата на Затворот Скопје неспорно констатира дека при приведувањето на пратениците и нивното лишување од слобода на 28.11.2017 година е повредено правото на пратенички имунитет утврден со член 64 од Уставот на РМ, и членовите 53-59 од Деловникот на Собранието, на начин што полициските службеници не се придружувале до правните процедури за приведување определени со член 19 од Правилникот за начинот на вршење на полициски работи.

За Народниот правобранител неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на член 19 од Правилникот, според кој „ако лицето кое се приведува се повика на статус кој му дава имунитет полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на исправите со кои се докажува таквиот статус, ќе го прекине приведувањето, и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник“.

Според став 4 од истиот член, „во случај кога не му е одземен имунитетот и покрај писмената наредба за негово приведување, истото нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата“.

За Народниот правобранител горенаведената констатација за незаконито постапување на полицијата е недвосмислена, при што го имаше предвид и исклучокот од член 19 став 2 од овој Правилник според кој, “приведувањето нема да се прекине ако лицето е затекнато во извршување на кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку пет години“- состојба за која не станува збор во конретните случаи.

Народниот правобранител констатира дека со приведување на пратеници кои уживаат имунитет е повредено правото на пратенички имунитет, начелото на презумција на невиност, поради непочитување на ниту една од горенаведените одредби од страна на полицијата. Пратениците со лисици на рацете се приведени во судот, каде што по подолг престој се пуштени, а мерката притвор им е изречена по неколку дена откога во Собранието на Република Македонија се одлучи за одземање на пратеничкиот имунитет.

Со оглед на констатираната повреда на правата на пратениците и постапување на полициските службени лица спротивно на прописите за вршење на полициските работи, Народниот правобранител достави Препорака до министерот за внатрешни работи и побара да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници на 28.11.2017 година, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците.

Народниот правобранител почитувајќи ја независноста и самостојноста на судската власт сепак смета за потребно да го постави прашањето: Зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет без претходно истиот да им биде одземен, согласно утврденото во прописите?

Во овој контекст апелирам до Судот при носење на судски одлуки да се почитува правото на имунитет, од причина што не е прв пат со судски наредби Судот да го повредува правото на имунитет.

Во тој контекст апелирам да се води сметка за евентуално постоење на имунитет (пратенички, конзуларен) на осомничено/и лице/лица, со што ќе се превенира постапување спротивно на закон или подзаконски акт, а со тоа ќе се зацврсти заложбата за враќање на довербата во владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 18
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија