Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

08.11.2017

08.11.2017, Скопје

СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОГЛАСНО ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊТА НА ЗАКОНОТ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГИ УСВОИ ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на осми ноември по предлог на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а согласно измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител, ги усвои мерките за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во извештајот на Народниот правобранител.   
Станува збор за 75 препораки од 19 области, чија цел е надминување на констатираните состојби содржани во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување и заштита на човековите слободи и права .Исто така, се предлага     матичните собраниски комисии и тела согласно Законот и Деловникот за работа на Собранието секоја во својата област да организира надзорни расправи за состојбите презентирани во овој извештај. Воедно собранието ја задолжи Владата на Република Македонија по истекот на шест месеци да го информира Собранието на Република Македонија за спроведувањето на утврдените мерки за спроведување на препораките на Народниот правобранител.

МЕРКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ

    
             По однос на препораките во областа Полициски овластувања Собранието ги утврдува следниве мерки:

  •     1. Да се зајакне надворешната контрола над работата на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство со воспоставување на надворешен механизам за контрола, во рамки на Народниот правобранител со вклучување на граѓанскиот сектор;
        2. Да се зајакне внатрешната контрола во полицијата со атрибутите стручност и независност за ефикасно и објективно спроведување на целосни и квалитетни истраги за кои има индиции за повреда на човековите слободи и права;
        3. Да се отпочне со примена на одредбата од Законот за кривична постапка по однос на воспоставување на регистарот на лицата лишени од слобода во кој непречен увид ќе има и Народниот правобранител;
        4. Да се разгледа можноста за подобрување на условите во Прифатниот центар за странци, кој ќе ги исполнува меѓународните стандарди за задржување на странци;
        5. Измени на Законот за полиција согласно Мислењето на Народниот правобранител за бришење на категоријата “гумени проектили“.

    Во областа граѓански состојби и други внатрешни работи, Собранието ги утврдува следните мерки :

  •     1. Да се преземат мерки од страна на органот надлежен за државјанство во насока на соодветна и доследна примена на Европската конвенција за државјанство и во тој контекст да се зајакне соработката и координацијата на органите во состав на Министерството за внатрешни работи;
        2. Решенијата за одбивање на барањата за прием во државјанство да бидат  облазложени, со задолжително наведување на причините, заради ефикасна натамошна заштита на правата на граѓаните како и да се обезбеди евидениција и список на лица без државјанство за да се знае нивниот вкупен број.  

    Во областа Правосудство, Собранието на Република Македонија имајќи ги предвид препораките на Народниот правобранител, ги утврдува следните мерки:

  •     1.Владата да им наложи на органите на државната управа да го подигнат квалитетот на комуникација/соработка со управното судство;
        2.Да се преиспита законското решение од членот 42-а став 2 од Законот за управните спорови, според кое против одлуката на Управниот суд, органот чиј акт бил предмет на управниот спор, да може да поднесе жалба преку Државниот правобранител на РМ;
        3.Да се преиспита состојбата со одолжување на постапките по кои постапува ЈО, причините за недонесување одлуки, како и констатираните неефективни истраги за предмети против полициски службеници;
        4. Во постапките за извршување да не се применуваат мерките за присилна наплата на долгот со блокирање на трансакциските сметки во банка, се додека извршителот не добие информација за основот на примања кои ги остваруваат должниците.
        5. Измени на Законот за извршување поради обезбедување на подобра заштита на должниците  односно ограничување на висината на законската казнена камата која должникот ја плаќа како и ограничување на висината на тарифите на извршителите.
        6. Измена на Законот за земјоделство и рурален развој  поради обезбедување на правна заштита на земјоделците преку прецизирање на правата и обврските на земјоделците и откупувачите.
        7. Измени на Законот за бесплатна правна помош и Законот за нотаријат со цел да им се овозможи на граѓаните полесен пристап до остварување на своите права.

    Во областа Избирачки права се утврдуваат следните мерки :

  •     1.Преиспитување на законската рамка заради обезбедување механизми и создавање услови Државната изборна комисија непречено да ги обезбеди сите неопходни податоци за ажуриран и точен Избирачки список;
        2.Изнаоѓање адекватни решенија и обезбедување услови, затворениците и лицата сместени во старските домови и слични установи, во геронтолошки заводи или кои се наоѓаат на подолготрајно лекување во болница и други медицински установи, без условување да може да го остваруваат избирачкото право во местото каде престојуваат, како и да се создадат услови за остварување на избирачкото право и на лицата со попреченост;
        3.Создавање нормативни и други претпоставки со цел спречување институциите и нивните ресурси да се користат за партиски цели во периодот пред и за време на изборниот процес.

    Во областа Права на бегалци и мигранти, се утврдуваат следните мерки :

  •     1. Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста Законот за азил и привремена заштита да претрпи дополнителни измени во насока на усогласување со меѓународните документи;

    Во областа Казнено–поправни и воспитно– поправни установи, се утврдуваат следните мерки:

  •     1. Итно да се пристапи кон измена на Законот за извршување на санкциите со што здравствената заштита ќе се врати во надлежност на Управата за извршување на санкциите и ќе се обезбеди соодветен и ефикасен пристап до здравствените услуги;
        2. Да се преземат мерки за создавање на основни предуслови и ресурси (кадровски, материјални, финансиски) за обезбедување на правото на здравствено осигурување и здравствена заштита на лицата во казнено-поправните установи, согласно меѓународните и домашни стандарди;
       3. До донесување на измените на Законот за извршување на санкциите Министерството за здравство да преземе мерки за итно имплементирање на Законот за извршување на санкциите за воспоставување соодветен систем на здравствена заштита во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, преку доекипирање и вработување на потребниот здравствен персонал, како и мерки за подобрување на условите и опременоста во затворските амбуланти;
       4. Во казнено поправните и воспитно поправните установи да се воспостави и реализира задолжително редовно основно и средно образование, како дел од општиот ситем на образование, за што може да се користат компаративни искуства и позитивни практики од други држави;
       5. Редовно спроведување на соодветни обуки и проверка на знаењата и спососбностите на затворскиот персонал, а стручните лица задолжително да изготват Програми за индивидуален и групен третман, со цел поуспешна ресоцијализација и социјална адаптација на лицата на издржување казна затвор;
       6. Во рамките на Казнено поправните установи да се обезбеди, односно соодветно да се адаптира просторија за непречено остварување на правото на лични односи и непосредни контакти дете-родител (осудено лица), согласно најдобриот интерес на детето и правото да одржува контакти и непосредни однсои со родителот со кого не живее.

Во областа социјална сигурност и заштита, се утврдуваат следните мерки:

  •    1. Во Буџетот на Република Македонија да се обезбедат потребни средства за ефикасно, навремено и непречено остварување на правата од социјална заштита на граѓаните во ризик, како  и редовна исплата на паричните надоместоци  од социјална заштита. Во овој контекст да се разгледа можноста од зголемување на висината на паричните надоместоци за социјална заштита;
       2. Владата на Република Македонија да подготви измени и дополнување на Законот за социјална заштита, со цел обезбедување на правото на социјална заштита и социјална сигурност на секој граѓанин кому истото му е неопходно, при што да се има предвид уставното начело на социјална праведност. Во тој контекст на седница на Влада да се разгледа Иницијативата на Народниот правобранител за укинување на ставот 4 на членот 213 на Законот за социјална заштита и соодветно да се интервенира во новите измени на законот;
       3. Да се разгледа можноста за обезбедување на  соодветни сместувачки капацитети (објекти) за бездомните лица во Скопје и низ градовите во Република Македонија, согласно потребите и бројната состојба на бездомните лица. Да се изнајдат начини за  трајно решавање на проблемот со домувањето на ранливите категории граѓани.

    Во областа пензиско и инвалидско осигурување, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Владата на Република Македонија, согласно Укажувањето на Народниот правобранител да подготви измена на правната регулатива која го уредува прашањето за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во насока на бришење на категоријата осигуреници од регистарот на Вториот пензиски столб, кои во моментот на вклучувањето биле на возраст која е неповолна за нивно членство, а поради што се оштетени, и примаат или ќе примаат знатно понизок пензиски износ;
       2. Државната комисија  за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на поефикасен и стручен начин да одлучува по правните лекови на граѓаните, и во пракса да ја имплементира законската одредба за мериторно одлучување по предмети за кои по изјавена жалба против решение истото еднаш било поништено и вратено на повторно решавање.

    Во областа здравствено осигурување и заштита, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на РМ и Подрачните служби на Фондот да воспостават пракса на одржување на редовни средби, на кои ќе се информираат за тековни прашања и добивање  насоки за ефикасно и навремено одлучување за правата на граѓаните, а со што ќе се елиминира досегашната пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување;
       2. Се задолжува Владата на Република Македонија да пристапи кон доуредување на Проектот Мој термин со цел истиот да одговара на потребите на граѓаните-осигуреници, за ефикасна, редовна и навремена здравствена заштита.
       3. Владата итно да изнајде решение за обезбедување на гинеколошка установа во општина Шуто Оризари, преку вработување на специјалист-гинеколог во рамките на Здравствениот дом во општината. Воедно, заради поголема сигурност на граѓаните и спречување на праксата да им се наплатуваат услуги кои се бесплатни, надлежните органи да практикуваат зачестени и ненајавени контроли во приватните гинеколошки здравствени установи.


    Во областа права на детето, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Владата на Република Македонија да спроведе анализа за потребата од отварање на советувалишта за брак и семејство и согласно резултатите да пристапи кон отварање на вакви советувалишта, со помош и поддршка на надлежните органи и локалната самоуправа;
       2. Да се воспостави систем на активно следење на состојбата на детето и семејството во ризик од страна на социјалните служби, а во соработка со образовните, здравствените и локалните органи/установи;
       3. Да се согледа можноста од воведување на посебен предмет за изучување на човекови права и слободи согласно домашната и меѓународната регулатива, како и механизмите за заштита, во сите степени на образование;
       4. Да се спроведе сеопфатна анализа за мапирање на териториите каде што има идентификувано деца на улица, и изнаоѓање на соодветни форми (институционални и вонинституционални) за заштита на децата. Обезбедување на стручна и друг вид помош и поддршка на децата во ризик  и нивните семејства, со цел подобрување на условите за живот, правилен раст и развој на децата на улица како деца во ризик;
       5. Да се иницираат соодветни законски решенија за вклучување на децата во ризик во образовниот процес, кои поради возраста не можат да се запишат во основно училиште, ниту да посетуваат училиште за вонредно образование на возрасни. Исто така системски да се изнајде решение за упис на овие деца во матичната книга на родени, со цел истите да се стекнат со идентитет и да имаат непречен пристап до  правата;
       6. Итно решавање на проблемот со вклучување на децата во основно образование преку обезбедување услови за следење на настава во основни училишта на територија на Република Македонија;
       7. Во Буџетот да се обезбедат средства за редовно снабдување со потребна терапија за децата со посебни потреби и дисперзија на истата преку матичните лекари, или друг вид на здравствен/специјалистички персонал во местото на живеење;
       8. Во сите Јавни здравствени установи да се обезбедат просторни и други предуслови правото на придружник на дете при хоспитализација на подеднаква основа да може да го користи секој родител/старател без разлика на полот;
       9. Владата на Република Македонија согласно посебниот извештај на Народниот правобранител да преземе  мерки за законско уредување на правото на учество на детето/ученикот во образовниот систем во Република Македонија, со што ќе се создадат реални можности да се слушне мислењето на ученикот и да се обезбеди неговото учество во донесувањето значајни одлуки за прашања поврзани со училишниот живот;
      10. Да се пристапи кон хармонизација на правната регулатива со Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за лица со инвалидитет и во тој контекст принципот на најдобар интерес на детето да биде јасно дефиниран во законите, а попреченоста да биде наброена како основ за диксриминација;
      11. Во основните училишта да се обезбеди/ангажира соодветен стручен кадар за работа со деца со посебни потреби на товар на органот, а не на родителите

    Во областа права од високото образование  се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Да се обезбедат средства за редовна и навремена исплата на еднократен паричен надоместок на магистрантите и докторантите кои ги исполнуваат условите, согласно Законот за научно-истражувачка дејност;
       2. Да се преземат мерки за подобрување на студентскиот стандард и условите во постојните домови преку континуирана реконструкција на истите, како и разгледување на можноста за проширување на сместувачките капацитети за студентите.

    Во областа работни односи, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Итно да се пристапи кон подготвување на сеопфатна и функционална анализа на органите/ институциите/ агенциите/ управите/ фондовите/ дирекции/ комисии/совети/ академии/ регулаторни тела/ јавни претпријатија (особено буџетски корисници), и др. со цел да се види оправданоста и потребата од нивното постоење;
       2. Да престане досегашната пракса за објавување огласи за групни вработувања, и итно и неодложно да се преземат мерки за согледување на состојбата и застојот со распоредување на избраните кандидати од проектот за вработување на повеќе лица, со цел овие граѓани да ги остварат правата  од работен однос;
       3. Владата на Република Македонија да ја разгледа иницијативата на Народниот правобранител за изменување и дополнување на Законот за работните  односи и Законот за здравствено осигурување, во насока на признавање на право на паричен надоместок за привремена спреченост за работа на осигурениците кои  немаат најмалку 6 (шест) месеци здравствено осигурување, а се со дијагнози од витално загрозувачки карактер. Правото на надоместок на плата поради привремена неспособност за работа да биде на товар или на Фондот за здравствено осигурување или на работодавачот, но никако на штета на вработениот;

    Во областа имотно-правни односи, се утврдува следнaта мерка :

  •    1. Поедноставување на законската процедура заради брзо и ефикасно остварување на правото за приватизација и легализација на градежното земјиште и објектите, вклучително и за лицата кои не се запишани како негови корисници, а неспорно дека го стекнале со надомест и непречено, непосредно и фактички го владеат со децении и на него изградиле објекти, кои ги легализирале или се во постапка за легализација.

    Во областа урбанизам и градба , се утврдуваат следната мерки :

  •    1. Ревизија на севкупната законската регулатива и просторното планирање особено во деловите со кои урбанистичкото планирање и градба како изворна надлежност на локалната власт се превзема од централната власт.

    Во областа  животна средина, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Реализација на проектот за регионално управување со отпадот и отпочнување со изградба на депонии според сите еколошки стандарди;
       2. Нулта толеранција за сите индустриски капацитети, за како големи загадувачи, ги исполнат предвидените еколошки стандарди за работење;
       3. Да се зајакне инспекцискиот надзор за заштита на животната средина на локално и централно ниво.

    Во областа финансии, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. За обезбедување адекватна заштита на достоинството на даночните обврзници и нивните семејства, како и услови извршувањето да биде поповолно за должникот, да се донесат измени и дополнувања на Законот за даночната постапка и Законот за даноците на имот, согласно иницијативата на Народниот правобранител;
       2. Раководството на Македонската радио телевизија да  донесе одлука за отпис на неосновано евидентираниот долг за радиодифузна такса;
       3. Да се изврши надзор над работењето на Управата за јавни приходи во предметите за испитување на имотот и имотната состојба и задолжување со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи.

    Во областа потрошувачки права, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Преиспитување на постојната законска рамка на големи дискрециони овластувања на регулаторните тела во определени сегменти од нивното работење;
       2. Да се преиспита дали оправданоста на одлагањето на целосната либерализација на пазарот на електрична енергија е на штета на граѓаните или не, дали цените кои ги утврдува регулаторната комисија за енергетика се реални или пак се согласно потребите на државата и компаниите и по кои методологии се утврдени;
       3. За најранливите категории граѓани, со закон да се пропишат начинот, постапката и условите за субвенционирање на ел. енергија, како и критериуми за стекнување на статус на заштитени потрошувачи од категоријата домаќинства на чијшто член поради здравствената состојба со прекинот на испорака на енергија може да му биде загрозен животот и здравјето;
       4. Да се организираат надзорни расправи за разгледување на причините поради кои се донесуваат одлуките на регулаторните тела  кои имаат обврзувачки карактер, за да се утврди дали се јасни, прецизни, објективни и изготвени од компетентни лица, а по што да се усвојат насоки за надминување на слабостите  со цел граѓаните да ги остваруваат нивните права и интереси;
       5. Да се подготват и донесат  акти со кои ќе се уреди постапката за поднесување приговори на потрошувачите за висината на месечните фактури и независно тело кое ќе обезбеди непристрасност и објективност во постапувањето и одлучувањето.  ЕВН со општ акт  согласно деловната политика на единствен начин да го уреди прашањето за подмирување на заостанатиот долг на рати;
       6. Адекватно да се реши проблемот со задолжувањето со надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија;
       7. Владата и другите надлежните органи да извршат ревизија на севкупното работење на јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, согласно наодите на Народниот правобранител за противзаконско издавање на вонредни фактури и селективното отпишување  на долг.

    Во областа недискриминација, се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Да се пристапи кон изготвување на нов Закон за спречување и заштита од дискриминација со цел квалитетна и ефикасна превенција  и заштита од дискриминација по било кој основ;
       2. Согласно констатацијата на Народниот правобранител за постапувањето на Државниот инспекторат за труд  при спроведување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, со законски измени да се уреди постапувањето на Државниот инспекторат за труд и при утврдување на вознемирување инспекторатот да изрекува санкции спрема сторителот;
       3. За доследно почитување на начелото на недискриминација и еднаквост пред законите да се утврди надлежност на сите инспекторати, на начин што секој во својата област ќе постапува превентивно, контролно и ќе санкционира дејствија со кои се попречува остварување на правата и се повредува принципот на еднакавост на граѓаните.

    Во областа други права , се утврдуваат следните мерки :

  •    1. Да се имплементира единствениот Европски број за итни повици Е 112, обврска која Република Македонија ја презела уште во 2005 година согласно Законот за управување со кризи;
       2. Владата на Република Македонија да издвои повеќе средства за субјектите на системот за управување со кризи,  бидејќи често се случува поради немање средства овие институции за време на кризна состојба работите да ги вршат ненавремено и неквалитетно.

    Организарање надзорни расправи

  •    1. Матичните собраниски комисии и тела согласно Законот и Деловникот за работа на Собранието секоја во својата област да организира надзорни расправи за состојбите презентирани во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2016;
       2. Се задолжува Владата на Република Македонија по истекот на шест месеци да го информира Собранието на Република Македонија за спроведувањето на утврдените мерки за спроведување на препораките на Народниот правобранител.

За институцијата Народен правобранител

  •    1.Со оглед на тоа дека измените на Законот за народниот правобранител до крај не ги имплементира итните реформски приоритети во поглед на целосна финансиска и административна независност, обезбедување почитување на неговите препораки, и на предлог на Народниот правобранител  за сериозни повреди на човековите права Собранието да може да формира специјализирани анкетни комисии или да иницира  случаи пред судовите за непочитување на неговите препораки   се  задолжува Владата на РМ  во најкус можен рок да предложи измени на Законот за народниот правобранител;
       2. Заради обезбедување претпоставки за имплементација на измените на Законот за народниот правобранител, Владата итно да предложи измени во Законот за административни службеници, Закон за вработените во јавниот сектор  и Законот за извршување на буџетот на Република Македонија, во однос на опфатот, односно изземање на институцијата Народен правобранител, со што ќе се изврши нивно усогласување со Законот за народниот правобранител;
       3. Со цел извршување на новите надлежности за промоција, пријател на судот, анализа на прописи на Народниот правобранител, во Буџетот да се предвидат средства за нови работни места , како и за промоција на човековите слободи и права;
       4. Се задолжува Владата на Република Македонија итно да овозможи пополнување на испразнетите работни места кај Народниот правобранител (од 2009  година до денес), вкупно 15;
       5. Се задолжува Владата на Република Македонија да му овозможи на Народниот правобранител да го реактивира Националниот превентивен механизам (НПМ) преку пополнување на испразнетите места.

                            



Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија