Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

04.09.2017

04.09.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

По повод почетокот на новата учебна година на сите ученици, особено на оние кои за првпат седнуваат во училишните клупи им посакувам успешен почеток, со надеж дека училиштето ќе им биде место каде што со радост и задоволство ќе стекнуваат нови знаења и вештини, ќе другаруваат со соучениците, ќе соработуваат со наставниците/професорите, и каде што ќе учат како да го развиваат и негуваат соживотот, толеранцијата и почитувањето на човековите права.

Сакам да потсетам на важноста на образованието во развојот на личноста на секој човек, во трасирање на патот до успехот, но и на обврската за обезбедување услови за непречено остварување на ова право за секое дете, со цел подготвување на детето за одговорен живот во слободно општество.

Правната гаранција на правото на бесплатно и задолжително основно и средно образование треба да се сфати многу пошироко  од обезбедување на бесплатни учебници и бесплатен превоз за учениците. Потребно е многу повеќе со цел осигурување на ова право на детето на еднаква и рамноправна основа. Потребни се соодветни и современи училишта, пристапни и достапни училишните објекти, современо опремени училници, квалитетни наставни содржини, целосно екипирани стручни служби, наставен кадар кој тежнее кон почитување и остварување на правата на детето. Со еден збор потребно е да се создадат сите услови со цел училиштето да биде место каде што секое дете ќе добие квалитетно образование, исхрана, каде ќе се слушне неговиот глас во образованииот процес, преку негово активно учество во донесувањето одлуки, и во планирањето на бесплатни слободни активности.

Ги повикувам родителите, семејството, наставниците и сите други чинители да им дадат поддршка, грижа и внимание на децата, да покажат разбирање за нивните очекувања и прашања во врска со училишниот живот. Во овој контекст да поминат повеќе време во разговор со своите првачиња и да ги охрабрат за претстојните училишни предизвици.  Истовремено апелирам возачите да возат внимателно во близина на училиштата и со посебно внимание да се однесуваат кон најмладите учесници во сообраќајот.

Со надеж дека оваа година ќе биде поуспешна и повеќе ќе се почитуваат правата на децата во училиштето, на сите ученици им посакувам успех , а на директорите  на училиштата и на наставниците остварување на целите на образованието преку поголемо доближување до детето, неговите права и потреби.  
                                                       
                                                                                            Одделение за односи со јавност
                                                                                               НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија