Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • 01.04.2019

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.06.2017

20.06.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

Генералното Собраните на Обединетите Нации во 2000 година го прогласија 20 јуни за Светски ден на бегалците, ден кој се одбележува скоро во сите делови во светот. Светскиот ден за бегалците е прогласен со единствена цел да „се привлече вниманието на меѓународната јавност за тешката положба на присилно раселените луѓе ширум светот“ во ситуација кога бројот на луѓе кои живеат далеку од своите домови драматично се зголемува секоја година.

Народниот правобранител изразува сериозна загрижност што Република Македонија овој ден го одбележува со политика на затворени граници кон бегалците, односно луѓето кои биле принудени да го напуштат својот дом поради конфликти или прогонувања.
 
Во оваа смисла Народниот Правобранител ги повикува надлежните институции на целосно почитување на правата на овие лица согласно меѓународните документи и особено Конвенцијата за статусот на Бегалците од 1951  како и Протоколот  од 1967.

Истовремено, Народниот Правобранител упатува апел за поголема солидарност со бегалците, во обид да се зачува нивното човеково достоинство и да се почувствуваат повторно безбедни, сигурни и прифатени во новата средина.

                                                                       Одделение за односи со јавност
                                                                          НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија