Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.03.2017

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    повеќе
  • 21.12.2016

    ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО...

    повеќе
  • 21.11.2016

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

27.06.2016

27.06.2016, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА 2015 ГОДИНА

„Националниот превентивен механизам до средината на извештајната година спроведе седум редовни, шест последователни и две вонредни посети на повеќе места на лишување од слобода. Од редовните посети,  беше спроведена во  една Полициска станица од општа надлежност, две посети во Затворот Скопје- притворски дел и затвореното одделение, една посета на домот за стари лица и три посети на установи за деца и младинци и Установа за лица со посебни потреби“.

Ова, меѓу другото, го  рече на прес-конференцијата заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на која го презентираше Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2015 година.

Според Бајрамовска-Мустафа и натаму главен проблем кај полициските станици се местата за задржување, кои покрај дадените пропораки во претходните години  не ги исполнуваат предвидените  стандарди.

„Од посетите на Казено-поправните установи наместо подобрени констатиравме влошени состојби што директно влијае врз правата на лицата лишени од слобода“ истакна г-ѓа Бајрамовска – Мустафа. Таа посебно го потенцираше лошиот систем на здравствена заштита, со оглед на фактот што покрај неодостиг на кадар, осудените лица се жалат и на недостиг од соодветна терапија.

Зборувајќи за посетите на  Прифатните центри за сместување на мигрантите таа истакна дека Република Македонија се заложи за справување со мигрантската/бегаската криза но во пракса, пропустите беа очигледни од аспект на соодветен прифат, евиденција, исхрана правна помош и транспорт на овие лица.


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија