Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2016

26.06.2016, Скопје

ПОРАКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ ЈУНИ

Секоја година, 26-ти јуни се одбележува како Меѓународeн ден за поддршка на жртвите од тортура, ден кога се нотира заложбата за што поефикасно истражување на сите можни облици на ваков вид на повреда на човековите права.

Токму на овој ден, се става акцент на потребата од постојана борба против тортурата и друг вид сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, бидејќи истата е апсолутно забранета и недозволива без разлика која е целта заради која била сторена.

По повод  Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура, со порака се огласи и Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун кој јавно порача дека: „Правото е кристално јасно, тортурата никогаш не смее да се применува, во ниедно време и под ниедни околности, вклучувајќи го и период кога постои конфликт или пак кога националната безбедност е во опасност. Изразуваме солидарност и поддршка на стотици илјади жртви на тортура и на нивните семејства насекаде низ светот“.

Во контекст на денот за поддршка на жртвите од тортура, оваа година се навршуваат 10 години од потпишувањето на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување (ОПКАТ), кој го потпиша и Република Македонија
Со законот за ратификација на Факултативниот протокол Република Македонија даде изјава дека Народниот правобранител е назначен да дејствува како Национален превентивен механизам(НПМ), а во соработка и со претходна согласност на Народниот правобранител и невладини организации и организации кои имаат статус на хуманитарни организации во Република Македонија можат да преземат некои од надлежностите на НПМ.

Нашата улога која ја имаме како превентивен механизам во борбата со тортурата е да ги сослушаме, но и да ги охрабриме жртвите да пријавуваат секаков облик на тортура или сурово постапување и на казнување. Тортурата не значи само индивидуална одговорност на сторителите преку ефикасно казнување, туку и одговорност на општеството за ефективна и континуирана поддршка на жртвите од тортура, како и преземање на мерки со цел намалување на оваа појава во иднина. Воедно, поддршката на жртвите од тортура не значи само казнување на сторителите, туку и континуирана помош и рехабилитација на лицата врз кои се врши тортура, како и постојан мониторинг на местата каде лицата се лишуваат од слобода, во насока на утврдување на можните ризици за тортура или друг вид на сурово, нехумано или деградирачко постапување или казнување.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија