Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.03.2017

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    повеќе
  • 21.12.2016

    ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО...

    повеќе
  • 21.11.2016

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  ДОСТАВИ ИНИЦИЈАТИВА СО ПРЕДЛОГ  ЗАКОН ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АЗИЛ И ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА 20.06.2016

20.06.2016, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОСТАВИ ИНИЦИЈАТИВА СО ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АЗИЛ И ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА

Народниот правобранител до Владата на Република Македонија достави Иницијатива со Предлог закон за измени на Законот за азил и привремена заштита.

Имено, образложувајќи ја Инцијативата на прес-конференција заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бјарамовска-Мустафа соопшти дека  анализирајќи ги последните измени и дополнувања на Законот за азил и привремена заштита донесени во април годинава, Народниот правобранител утврдил дека им се отежнува пристапот до правото на семејно обединување на членовите на потесното семејство на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита со воведување на заострени критериуми.

„Со измените и дополнувањата на овој Закон дополнително се вметнува временска рамка за можноста за стекнување со ова право, односно се предвидува рок од три години за да може лицето да оствари право на семејно обединување, нешто што е во директна спротивност со Директивата на правото на семејно обединување на Европската Унија“ рече на прес-конфренецијата заменик народниот правобранител г-ѓа Бајрамовска-Мустафа.

Исто така, со Иницијативата со Предлог закон за измени на Законот за азил и привремена заштита Народниот правобранител бара бришење на новиот член 10-а со кој на барателот на азил не му се дава можност да докаже дека поради лични причини за него не е безбедно да се врати во земјата од каде влегол на територијата на Република Македонија, иако таа земја спаѓа во редот на таканаречени трети безбедни земји.

Инаку, оваа Иницијатива со Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за азил и привремена заштита Народниот правобранител ја подготви во соработка со Здружението на млади правници, а истата е поддржана од страна на невладините организации Легис, Ла Страда, Хелсиншкиот комитет за човекови права и УНХЦР.


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија