Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.04.2016

26.04.2016, Скопје

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ПОЧИТУВАЊЕТО И ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕТЕ СО ПРИДРУЖНИК

Со цел утврдување на состојбите со почитување и остварување на  правата на хоспитализираните деца со и без придружник- мајка, односно, татко, Народниот правобранител спроведе истражување во здравствените установи во кои функционираат детски болнички одделенија, и подготви посебна  Информација која ја достави до надлежните институции. Од спроведувањето на ова истражување  со прибирањето на податоци и извршените посети и увиди во здравствените установи, Народниот правобранител меѓу другото констатира дека при хоспитализација на дете во здравствената установа, како придружник се јавува мајката или роднина од женски пол ( баба или тетка), а само во неколку случаи ова право е искористено од родител/старател од машки пол. Понатаму  просторните и хигиенско-санитарните услови во болничките одделенија не овозможуваат при хоспитализација на дете, како придружник да биде присутен родител/старател од различен пол. Исто така, истражувањето покаѓа дека во здравствените установи не се води посебна евиденција за одобрување, односно не одобрување на хоспитализација на дете со придружник и не се евидентира половата припадност на придружникот. Воедно  во здравствените установи не се води прецизна евиденција дали некое лице по овој основ поднело поплака согласно одредбите на Законот за заштита на правата на пациентите;

За надминување на констатираните состојби, Народиот правобранител препорача да се преземат сите неопходни мерки во здравствените установи, за обезбедување на просторни и други предуслови во одделенијата во кои се хоспитализира дете со придружник, и ова право на подеднаква основа да го користи родител/старател без разлика на полот. Истовремено да се обезбедат потребни услови за сместување на родител/старател со дете во посебни соби опремени со потребните хигиено санитарни капацитети како и задолжително да се води посебна евиденција за поднесени и одобрени барања за хоспитализација на дете со придружник, при што да се евидентира и половата припадност на придружникот и роднинската врска со детето.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија