Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

19.04.2016

19.04.2016, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПРОМЕНАТА НА РОКОВИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА

Народниот правобранител остро реагира на објавувањето на Календарот за изменување на Календарот за организација на учебната 2015/2016 година во јавните средни училишта, со кој спротивно на закон и само еден месец пред завршување на редовната настава се поместуваат роковите за полагање на Државната матура. Истовремено, го повикува министерот за образование и наука веднаш да ја повлече оваа одлука, затоа што не е во согласност со Законот за средното образование, ниту со подзконските акти кои поблиску ја уредуваат оваа материја, а е спротивна и со Конвенцијата за правата на детето според која секогаш на прво место е најдобриот интерес на детето.

Според Народниот правобранител, промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај, претставува груба повреда на правата на учениците, на кои исклучително им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто не се води сметка дали промената негативно ќе влијае на натамошното образование на ученикот, ако се има предвид дека оценките од државната матура битно влијаат на успехот на ученикот, а со тоа и добивањето на бодови за запишување на високо образовните институции.

Во овој контекст, успехот од државната матура може да биде одлучувачки фактор за тоа дали ученикот ќе се запише, или не на факултет, односно дали ќе го продолжи своето образование, како и дали висината на  партиципацијата ќе изнесува  200 или 400 евра во денарска противредност, факт што не е за занемарување.

Народниот правобранител јавно го критикува нетранспарентното постапување на Министерството за образование и наука при донесувањето на противзаконска одлука за измена на роковите за полагање државна матура која е на штета на завршените средношколци, укажувајќи дека ниту со Законот за средно образование, ниту со Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државна матура во гимназиското, стручното и средното уметничко образование не е предвидена  можност за промена на рокот/вите за полагање на државна матура, освен за поедини случаи, во кои не влегува изборниот процес.

Народниот правобранител смета дека одржувањето на предвремените парламентарни избори не треба да влијае на образованието на учениците, ниту да биде причина за промена на роковите за полагање на државната матура.

Во случајот загрижува и тоа што учениците повторно ниту се прашани, ниту е побарано нивното мислење, иако станува збор за активност која директно се рефлектира на нив самите и нивното натамошно образование. Оттука, не само што со оваа одлука се повредува принципот на најдобриот интерес на детето, туку не се почитува ниту принципот на учество на децата, односно сослушување на нивното мислење на што обврзува Конвенцијата за правата на детето.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија