Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2015 ГОДИНА 28.03.2016

28.03.2016, Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ВО 2015 ГОДИНА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес –конференција го презентираше Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година.

„Во извештајната година беа примени најголем број на поплаки од граѓани, од  кога постои инстутуцијата. Постапивме по 5.336 случаи, од кои само во извештајниот период беа примени 4.403 претставки. Во предметното постапување констатиравме 1.514 повреди на човековите слободи и права, што е за 4,39 проценти повеќе од претходната година. Од нив во 1.238 случаи беа прифатени нашите интервенции што е за 5,40 проценти помалку од претходната година. Овие податоци покажуваат дека од една страна расте бројот на поплаките за повреда на правата, а од друга страна се намалува бројот на прифатените интервенции на народниот правобранител- појава која загрижува“ рече меѓу другото, во своето излагање на прес-конференцијата народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Според него незаконското следење на комуникациите, полициската бруталност при вршење на полициските работи, бегалската криза, лошиот затворски систем, притисоците врз средношколците, противзаконската наплата на радиодифузната такса, ретроактивното укинување на правата од социјалната заштита беа само дел од појавите  на масовно прекршување на човековоте слобод и и права во 2015 година.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија