Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

17.03.2016

17.03.2016, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ДОНЕСЕНАТА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

Народниот правобранител, изразува голема загриженост за донесената одлука на Уставниот суд, за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, а особено можноста Претседателот да помилува лица кои се гонат или се осудени за кривични дела против половата слобода и половиот морал, сторени спрема деца и малолетни лица. Со оваа одлука се доведува во прашање превенцијата и заштитата на слободите и правата на децата, но и се уриваат сите досега направени реформи, вклучувајќи го и регистарот на педофили, а кои имаа за цел востановување и функционирање на сеопфатен систем за ефективна заштита на децата од злоупотреби.

Неслучајно, најдобриот интерес на детето е втемелен и е водечки во сите меѓународни и домашни акти за превенција и заштита на слободите и правата на децата.

Според Народниот правобранител, во случаите кога се засегнати правата и интересите на детето, како категорија граѓани кои уживаат посебна заштита, особено поради возраста и неможноста самите да се заштитат во донесувањето на одлуките и при примената на законите, треба да се има предвид и фактот дека сторителите на дела, со кои се злоупотребуваат децата – педофилите, според истражувањата најчесто го повторуваат делото, и затоа кон нив се применуваат построги казни.

Народниот правобранител упатува апел, Претседателот на државата, во чија надлежност е помилувањето, со крајна внимателност да пристапи кон ова чувствително прашање, пред се водејќи се од општествениот интерес за почитување на најдобриот интерес на детето, како и превенцијата и заштитата на идните поколенија.

Истовремено, Народниот правобранител изразува загриженост од донесената Одлука на Уставниот суд, што се однесува и на можноста за помилување на лица сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Со оглед на тоа што станува збор за фундаментално право кое треба да се остварува без притисоци, уцени и закани, санкционирањето на делата против изборите трба да оди во правец на јакнење, а не на слабеење на институциите и владеењето на правото.

Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија