Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ НА КОЈА ИНФОРМИРАШЕ ЗА ВАЖНОСТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО И ЗА НАЧИНИТЕ НА ЗАШТИТА ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 08.02.2016

08.02.2016, Скопје

ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ НА КОЈА ИНФОРМИРАШЕ ЗА ВАЖНОСТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО И ЗА НАЧИНИТЕ НА ЗАШТИТА ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

„Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува.Токму затоа ги охрабрувам граѓаните, веднаш и без двоумење да ја пријават секоја форма на притисок, прекршување на нивните права и на прописите, покрај останатото и на отворената  бесплатна телефонска линија 0800 54321 кај Народниот правобранител и непосредно во подрачните канцеларии“.

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети на прес-конференцијата на која информираше за важноста на избирачкото право и начините на остварувањето и заштитата на ова право, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Народниот правобранител, посебно упати апел до сите раководни лица во институциите и до другите лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, затоа што таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност.

„Ја нагласувам потребата од поголема соработка пред се на Државната изборна комисија, Минситерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции во насока на спречување на какви било нерегуларности пред, за време и по изборите“ истакна г. Мемети.

Тој се осврна и на работата на медиумите во текот на изборниот процес и нивната улога.

„Повикувам на објективно, избалансирано и доследно информирање од страна на медиумите и нивно придржување кон етичкиот кодекс за информирање,“ рече народниот правобранител г. Мемети.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2017
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија